Дваесетаголник – многуаголник со двааесет темиња и дваесет страни.
Правилен дваесетаголник Правилниот дваесетаголник е дваесетаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен дваесетаголник имаат по 162° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било дваесетаголник изнесува 3240°.
Ако основната страна на правилниот дваесетаголник е со должина , неговата плоштина ќе биде дадена со формулата: .
Плоштината може да се пресмета и со:
каде - е полупречник на опишаната кружница, а - е полупречник на впишаната кружница.
Периметарот на дваесетаголник чија страна е со должина е еднаков на .
Конструкција Правилен дваесетаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. мини|300п|центар|Анимиран приказ на конструкција на дваесетаголник со помош на шестар и линијар
Една од можните конструкции се надоврзува на конструкцијата на десетаголник. Доволно најпрво да се конструира правилен десетаголник, а потоа и симетрали на страните и во пресекот со кружницата да се добијат уште десет точки кои со темињата на десетаголникот ќе ги сочинуваат дваесетте темиња на правилен дваесетаголник.
Поврзано Многуаголник Правилен многуаголник
Надворешни врски
Дваесетаголник на Mathworld
Категорија:Многуаголници по број на страни Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ