Панков () — најнаселениот округ во Берлин и втор по површина. Со административната реформа во 2001 г. споен е со поранешните окрузи Пренцлауер Берг и Вајсензе, задржувајќи си го името. Населението брои 384.367 жители (31 декември 2014).
Преглед Името на округот има словенско потекло и е наречен по месноста Панков и реката Панке, која тече низ североисточниот дел, вклучувајќи ја централната населба Пренцлауер Берг. Округот се граничи со Мите и Рајникендорф на запад, Фридрихсхајн-Кројцберг на југ и Лихтенберг исток. Има најмногу жители од сите окрузи во Берлин и го зазема второто место по површина (по Трептов-Кепеник).
Од 1945 до 1960 г. Панков бил живеалиште на многу функционери на Источна Германија. Најпознати места на комунистичката номенклатура се Шенхаузенскиот дворец и околната улица Мајаковскиринг во населбата Нидершенхаузен. Поради ова, западните писатели го користеле поимот Панков како метоним за источногерманскиот режим.
Населбата Пренцлауер Берг во Панков е дом на Рикештрасенската синагога — најголемата синагога во Германија. Во Вајсензе се сместени едни од најголемите еврејски гробишта во Европа. Во Пренцлауер Берг се наоѓа познатото маало „Карл Легин“, кое претставува дел од модернистичките населби заштитени како светско наследство на УНЕСКО. Вајсензе е најголемата водна површина во округот.
Поделба мини|лево|Населби во Панков Панков е поделен на 13 населби:
Бланкенбург Бланкенфелде Бух Вајсензе Вилхелмсру Каров Нидершенхаузен Панков Пренцлауер Берг Приградска населба Малхов Розентал Францезиш Буххолц Хајнерсдорф
Сообраќајни врски Панков го опслужуваат станиците „Финеташтрасе“ и „Панков“ на линијата У2 од Берлинското метро (У-бан), како и станиците „Берлин-Панков“, „Панков-Хајнерсдорф“ и „Воланкштрасе“ на надземната Берлинска градска железница (С-бан). Округот е поврзан со стариот центар на Берлин и со трамвајската линија М1.
Низ Панков, напоредно на ул. „Миленштрасе“ и „Шенхолцер Штрасе“ минува и автопатот 96а за Ораниенбург. До округот се стигнува и преку автопатот 114 од големата обиколница на градот, скршнувајќи на раскрсницата „Пранцлауер Променаде“.
Галерија
Збратимени градови Ашкелон, Израел (од 1994 г.) Колобжег, Полска (од 1994 г.)
Поврзано Панков (појаснување) Окрузи во Берлин
Наводи
Надворешни врски
Портал на округот Панков
Категорија:Окрузи во Берлин