„Логичко-филозофски трактат“, „Логичко-филозофска расправа“ или „Tractatus Logico-Philosophicus“ е единственото филозофско дело објавено од австрискиот филозоф Лудвиг Витгенштајн за време на неговиот живот. Главниот стремеж на делото е да ја открие врската помеѓу јазикот и стварноста, а преку неа да ги определи границите на наукатаЛФТ 4.113. Џ. Е. Мор е оној кој го предложува латинскиот наслов, оддавајќи му чест на Теолошко-политичкиот трактат (Tractatus Theologico-Politicus) од Барух Спиноза.Nils-Eric Sahlin, The Philosophy of F. P. Ramsey (1990), стр. 227.

Витгенштајн го започнал пишувањето на Трактатот како војник во Првата светска војна, а го завршил како воен заробеник во Комо и подоцна Касино во август 1918 година.Monk стр. 158 Најпрвин бил објавен на германски јазик во 1921 година, како Logisch-Philosophische Abhandlung во последниот том на Оствалдовите „Анали на филозофијата на природата“ (Annalen der Naturphilosophie), а во 1922 година, издавачката куќа Рутлеџ и Кеган Пол (Routledge & Kegan Paul Ltd.) од Лондон го објавила двојазичното издание, при што преводот на англиски јазик го извршил Ф. П. Ремзи (F. P. Ramsey), додека Витгенштајн го преработил текстот на германски јазик. Воведот на ова издание го напишал Бертранд Расел (Bertrand Russel).Ludvig Vitgenštajn, Logičko filozofska rasprava – Tractatus logico-philosophicus. Miba books, Beograd, 2024, стр. 5-6. Македонскиот превод излегува дури во 2002, изработен од Бранислав СаркањацЛудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Скопје: Магор, 2002.. Трактатот бил од огромна важност помеѓу логичките позитивисти на Виенскиот круг, како Рудолф Карнап и Фридрих Вајсман. Познатата статија на Бертранд Расел со име „Филозофија на логичкиот атомизам“ е напишана според многу идеи кои Расел ги добил читајќи го Витгенштајн.Bertrand Russell (1918), „The Philosophy of Logical Atomism“. The Monist. стр. 177, како што е објавена на пример во Bertrand Russell (Robert Charles Marsh ed.) Logic and Knowledge Accessed 2010-01-29. Со други зборови, покрај тоа што е едно од најбитните дела на современата филозофија, особено е вреднувано од страна на аналитичките филозофи.

Во ова дело, Витгенштајн ги проучува можностите на мислењето врз основа на можностите на јазикот. Поаѓајќи од логичката градба на пропозициите и од природата на логичките заклучоци, авторот доаѓа до теоријата на сознанието, основите на психологијата и на етиката, а најпосле и до проблемот на мистиката.Ludvig Vitgenštajn, Logičko filozofska rasprava – Tractatus logico-philosophicus. Miba books, Beograd, 2024, стр. 5. Во предговорот, напишан во Виена во 1918 година, Витгенштајн истакнува дека решавањето на филозофските проблеми почива на неразбирањето на логиката на јазикот. Според него, целокупната смисла на книгата може да се искаже со следниве зборови: „она што воопшто може да се каже, може да се каже јасно; а она за кое не може да се зборува, за тоа мора да се молчи.“ Оттука, делото ја подвлекува границата на изразот на мислите. Притоа, тој нагласува дека воопшто нема за цел да открие новини, односно неговите ставови се совпаѓаат со погледите на многу други филозофи меѓу кои ги издвојува Фреге и Бертранд Расел.Ludvig Vitgenštajn, Logičko filozofska rasprava – Tractatus logico-philosophicus. Miba books, Beograd, 2024, стр. 7-8.

„Логичко-филозофскиот трактат“ се одликува со строг, збиени стил и не содржи аргументи, туку декларативни реченици кои се третираат како очигледни смаи по себе. Исказите се хиерархиски нумерирани, со седум основни искази на првото ниво (нумерирани од 1–7), додека секое под-ниво е образложение или коментар на исказот од повисокото ниво (на пример, 1, 1.1, 1.11, 1.12). Оваа книга во главно се проучува во областа на логиката и филозофијата на јазикот, но од неодамна понови толкувачи ја вреднуваат и нејзината етичка, но и естетичка димензија. Она што е особено популарно и ново е мистичното толкување, поттикнато од последниот, седми исказ.

Наводи

Надворешни врски Англиски он-лајн изданија Umass.edu, (Германскиот превод и преводите на Огден и Пирс и МекГинис се поставени напоредно) Gutenberg.org (Преводот на Огден) TractatusLogico-Phlosophicus Philosurfical.open.ac.uk Пребарувачки софтвер кој го олеснува изучувањето на Трактатот. Текстот е достапен на германски и на двете англиски изданија. Graphical tabs-centered version of Tractatus Logico-Philosophicus (преводот на Пирс и МекГинис) LibriVox audiobook version of Tractatus Logico-Philosophicus (преводот на Огден) (Прва верзија) LibriVox audiobook version of Tractatus Logico-Philosophicus (преводот на Огден) (Втора верзија) Tree-like version of Tractatus Logico-Philosophicus (преводот на Огден)

Германски он-лајн изданија Tractatus-Online.appspot.com Hochholzer.info Tractatus.Net Philosurfical.open.ac.uk

Категорија:Книги од 1921 година Категорија:Дела на Лудвиг Витгенштајн Категорија:Филозофски книги