мини|десно|Древниот град Пела Постол (, Пела, до 1926 г. Άγιοι Απόστολοι, Агии Апостоли; до 1975 г. Παλαιά Πέλλα, Палеја Пела, , Алаклисе) — гратче во централниот дел дел на Егејска Македонија, на местото на некогашниот град Пела — престолнина на древна Македонија. Градот е административен центар на истоимената Општина Постол и се наоѓа во Постолскиот Округ.

Местоположба Постол се наоѓана 10 километри југоисточно од Пазар (Ениџе Вардар) 40 километри северозападно од Солун, сместено на надморска височина од 60 метриСимовски, Х. Тодор. Населените места во Егејска Македонија. Скопје, 1998. I дел, стр. 77. Сместено е во плодната рамнина на големата низина на Солунското Поле. Блиску до него минува главниот пат од Солун за Ениџе Вардар, а атарот зафаќа површина од 30 квадратни илометри. Постол е прилично богато село, бидејќи располага со многу плодно земјиште, при што главните производи се жито, памук, овошје и сточарски преработки. Под самото село крај главниот пат постојат извори од кои со вода се снабдувал античкиот град Пела, престолнината на Александар Македонски која се наоѓала токму тука, за што сведочат ископините во чии рамки постои и музеј.

Историја Пела во древноста била голем град, по Ајга била престолнина на античко македонското царство каде е роден Александар Македонски. До XIX век, Постол зафаќал наоѓалиште близу до горниот град, а долниот град се протегал до мочуриштата на Црна Река (денес Мавронери).Grande Encyclopedie, s.v. Pella Селото е исто така родно место на Крсте Мисирков.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Постол било македонско со 80 куќи.

Население До 1924 селото било населено исклучиво населено со македонско население и според К’нчов имало 520 жители, според Бранков 720, а според Милоевиќ се состоело од 80 македонски куќи. Бројната состојба на населението според пописите се движела: 1913 - 560, 1920 - 737 жители. Во 1924 во Бугарија принудно биле иселени 99 Македонци на чие место биле населени бегалски семејства од Источна Тракија со вкупно 675 бегалци, со што така станало мешано село. Понатаму бројноста на населението се движела 1.437 жители во 1928 година, 1.673 во 1940 година, 1.852 жители во 1951 година, 2.146 во 1961, 2.111 во 1971, 2.272 во 1981 и 2.374 жители во 1991.

Соодносот на македонското население спрема бегалците е 50-50%, а според статистиката на НОФ од 1947 година во селото живееле 750 Македонци, 750 бегалци и 50 Власи. Во текот на Втората светска војна и Граѓанската војна селото, посебно Македонците било подложено на терор, поради што неколку семејства и поединци побарале засолниште во Република Македонија.

Име За време на византискиот и отоманскиот период, на словенските јазици градот бил познат под името Свети Апостол или ПостолТодор Христов Симовски, Населените места на Егејска Македонија (Скопје 1998), ISBN 9989-9819-4-9, стр. 77., и на отомански турски како Allah Kilise/Алах Килише 'Господова Црква'. Името Пела заживеало повторно во 1936 г.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Пела — древна престолнина на македонската држава

Цркви „Св. Петар и Павле“ од 1867 г

Познати личности

Александар Македонски — македонски император и војсководец Крсте Мисирков (1874 - 1926) — македонски национален деец и мислител, филолог, научник и издавач Јордана Слатникова (1924 - 1948) — борец на НОВ во Егејска Македонија Ката Мисиркова-Руменова (1930 - 2012) — македонска писателка

Поврзано Постол (округ) Постол (општина)

Наводи

Категорија:Постол (округ) Категорија:Градови во Егејска Македонија