Чарлс Куен Као (, трскр. Гао Кун ; р. ) — хонгконшки, американски и британски електротехнички инженер и физичар кој прв ја развил и започнал да ја користи влакнената оптика во телекомуникацијата. Нарекуван „кум на широкопојасноста“, „татко на влакнената оптика“ и „татко на оптичката комуникација“, Као е еден од тројцата добитници на Нобеловата награда за физика во 2009 година, единствен за „револуционерни достигања во однос на преносот на светлината низ влакна за оптичка комуникација“. Тој има повеќе државјанства: на Хонгконг, на Обединетото Кралство и на САД.
Рани почетоци Чарлс Као е роден во Шангај во 1933 година. Тој и брат му биле подучувани од приватен наставник, од кинеските класични списи. Изучувал и англиски и француски јазик во интернационално училиште во Шангај основано од напредни кинески учители, како Цај Јуанпеј.
Семејството на Као се преселило во Хонгконг во 1948 година,Ifeng.com: 香港特首曾荫权祝贺高锟荣获诺贝尔物理学奖 каде го завршил средното образование на Колеџот „Сеинт Џосеф“ во 1952 година, успешно положувајќи го испитот за напредно ниво (вид матура). Завршил додипломски студии по електротехника на Гриничкиот универзитет.
Истражувањата со кои се занимавал го довеле до докторат по електротехничко инженерство на Универзитетскиот колеџ „Лондон“, во 1965 година, (под менторство на професор Харолд Барлоу) стекнат како надворешен студент, додека работел во Стандардните телекомуникациски лаборатории во Харлоу, Англија (истражувачкиот центар на АД „Стандардни телефони и кабли“. Токму таму се занимавал со првата револуционерна работа како инженер и истражувач, работејќи рамо до рамо со Џорџ Хокхам, под надзор на Алек Ривс.
Као му се приклучил на составот на Кинескит универзитет на Хонгконг во 1970 година, каде го основал Одделот за електроника (денес именуван како Оддел за електронско инженерство). На универзитетот работел како професор, а потоа професор-претседател за електроника. Ги создал и програмите за додипломски и постдипломски студии по електроника. Под негово водство се основани нови истражувачки институти, како и Школата за образование. Во 1974 година се вратил во ИТТ корпорацијата (тогашната компанија-мајка на СТК), во САД. Работел во Роаноке, Вирџинија, прво како главен научник, а потоа како управник на инженерство. Во 1982 година станал првиот извршен научник на ИТТ и бил главно стациониран во Напредниот технолошки центар во Конектикат. Таму работел и како асистент професор и соработник на Колеџот „Трумбул“ при Универзитетот „Јејл“. Во 1985 година поминал една година во Западна Германија во Истражувачкиот центар СЕЛ. Као станал корпоративен истражувачки директор во ИТТ.
Чарлс Као бил и заменик претседател на Кинескиот Универзитет на Хонгконг (1987-1996). По пензионирањето од КУХГ во 1996 година, шестмесечното продолжено отсуство го поминал во Одделот за електротехничко и електронско инженерство при Империскиот колеџ „Лондон“, каде дејствувал и како гостински професор од 1997 до 2002 година. Во периодот 1993-1994 година бил претседател на Асоцијацијата на југоисточно азиските институции за високо образование (ASAIHL).
Подоцна, Као работел како претседател и извршен директор на АД „Транстек сервисес“, хонконгшка компанија за телекомуникациски консултациски услуги. Бил основач, претседател и извршен директор и на „Ај ти екс сервисес лимитед“. Од 2003 година до 30 јануари 2009 година, бил независен надворешен директор и член на ревизискиот одбор на „Некс Медија“, а истите функции ги извршува од 1991 година во „Варитроникс интернешнал лимитед“, Хонгконг.
Во 2000 година, Као ја основал Академијата на независни училишни фондации (ISF) во Сајберпорт, Хонгконг. Бил нејзин основачки претседател во 2000 година, а се повлекол од одборот во декември 2008 година.
Као настапил како водечки говорник на ГЛОУБКОМ 2002 (IEEE GLOBECOM) во Тајпеј, Тајван. Бил специјално назначен за професор-претседател на Институтот за електроника на Факултетот за електроинженерство и копјутерски науки при Националниот тајвански универзитет.
1996 година ја означи Каовата донација на Универзитетот „Јејл“ и воведувањето на стипендиите на Истражувачкиот фонд „Чарлс Као“ за поддршка на студирањето на „Јејл“, истражувањето и креативните проекти во Азија. Со фондот управува универзитетските совети на „Јејл“ за источноазиски и југоисточноазиски студии.
На Као му е дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2004 година. Тој има проблеми со говорното изразување, меѓутоа препознава луѓе и адреси.Ifeng.com: 港媒年初传高锟患老年痴呆症 妻称老人家记性差 Од болеста стадал и татко му. Од 2008 година, Као живее во Маунтин Вју, Калифорнија, САД, каде се преселил (од Хонгконг) за да биде поблиску до децата и внукот.
Хоби на Као се изработка кинески порцелан. Тој ужива и во читање усја романи (кинески романи со стари кинески херои вешти во боречки вештини).QQ.com News 记者探访"光纤之父"高锟:顽皮慈爱的笑
На 6 октомври 2009 година, доделена му е Нобелова награда за физика, за придонесот во истражувањето на преносот на светлината низ оптички влакна и за влакненооптичката комуникација. Наградата ја примил со зборовите: „Апсолутно сум оставен без зборови и воопшто никогаш не очекував ваква чест.“ Неговата сопруга изјавила дека паричната награда, по плаќањето на таксата на американската влада, ќе биде искористена за болничките трошоци на Као.
Предци и семејство Таткото на Као, Као Чин-Ксјанг (高君湘), бил адвокат, кој докторирал право на Правниот факултет при Универзитетот на Мичиген во 1925 година.University of Michigan Law School: Alphabetical List with Year of Law School Graduates Работел како професор во Кинеската школа за компаративно право при Универзитетот „Суџо“ (во тогашен Шангај).
Дедо му, Као Ксие, бил познат проучувач, поет, литератор, уметник и водечка фигура на „Јужното друштво“ (南社) во времето на династијата Ќинг. Блиски роднини на Као биле и влијателните автори Као Ксу, Јао Хуанг (姚光) и Као Занг (高增).
Братучед на татко му бил астрономот Као Пинг-це, по кого е именуван кратерот Као на Месечината. Као има помлад брат, Тимоти Ву Као, кој е градежен инженер и професор во пензија на Католичкиот универзитет на Америка, во Вашингтон. Истражува во областа на динамиката на флуиди.
Као за запознал својата жена Меј-Ван Вонг (денес Као) во Лондон, по дипломирањето. Таа била програмер (работела со јазикот Fortran) со британско-кинеско потекло, а работела во истата фабрика со Као. Склучиле брак во 1959 година во Лондон. Имаат две деца, син и ќерка, кои и двајцата работат во Силициумската Долина во Калифорнија.
Дејност
Влакнената оптика и комуникациите
Во 1960-тите години, во Стандардните телекомуникациски лаборатории (СТЛ) во Харлоу, Као и соработниците ја завршиле пионерската работа во примената на влакнената оптика во телекомуникациите. Тоа го сториле демонстрирајќи дека примесите во стаклото се причината за високата загуба на постоечката влакнена оптика, а не проблемот со технологијата.
Као првично работел во тимот на Антони Карбовијак, кој ги проучувал оптичките брановоди за комуникација. Задачата на Као била испитување на атенуацијата на влакната, за што собирал примероци од различни производители. Ова истражување го убедило дека страните примеси во материјалот предизвикувале голема загуба во тие влакна.
Као бил назначен за главен на електро-оптичкиот истражувачки тим во СТЛ во 1963 година. Во декември 1964 година, ја презел програмата за оптички комуникации на СТЛ, по напуштањето на позицијата од страна на Карбовијак.
Иако го наследил Карбовијак како менаџер на истражувањето на оптичката комуникација, заедно со Џорџ Хокхам веднаш го напуштиле неговиот план за тенок лентест брановод, менувајќи ја насоката на истражувањето. Покрај оптичките, тие ги разгледувале и својствата на материјалот. Првите резултати ги изнел Као во јаунари 1966 година, пред Институтот на електротехнички инженери (IEE) во Лондон. Во јули биле и објавени, од страна на Хокхам (кој работел со Као 1964–1965).. Објавената студија ја теоретизирала и предложила имплементацијата на стаклени влакна за оптичка комуникација. Опишаните идеи, особено структурните елементи и материјали, се основата на денешната оптичка комуникација.
Во 1965 година, Page 2 Као и Хокхам заклучиле дека основното ограничување на светлинската атенуација на стаклото е под 20 dB/km (децибели на километар) – вредност на прагот клучна за оптичката комуникација. Сепак, при тогашното утврдување, често се забележувало губење на светлина и над 1000 dB/km. Како резултат, започнала трка во потрагата по материи со мала загуба и соодветни влакна за задоволување на потребните критериуми.
Заедно со новиот тим (Т.В. Дејвис, М.В. Џоунс, К.Р. Врајт и други), Као тестирал бројни материјали за задоволување на гореспоменатиот критериум. Прецизно ја мереле атенуација на светлина со различни бранови должини во разни материјали. Тогаш Као истакнал дека големата чистота на кварцовото стакло (SiO2) го прави совршен кандидат за оптичка комуникација. Тврдел дека главната причина за драматичното опаѓање на светлинскиот пренос во стаклените влакна се страните примеси на стаклото кои можат да се отстранат, а не физичките ефекти како расејувањето. Ваквото тврдење предизвикало истражување и светско производство на стаклени влакна со висока чистота. Кога првпат предложил дека таквите стаклени влакна можат да се користат за пренос на информации на големи растојанија, па и да ги заменат бакарните жици кои тогаш се користеле за комуникација,1999 Charles Stark Draper Award Presented "Kao, who was working at ITT's Standard Telecommunications Laboratories in the 1960s, theorized about how to use light for communication instead of bulky copper wire and was the first to publicly propose the possibility of a practical application for fiber-optic telecommunication." никој не му верувал. Дури подоцна се сфатило дека Каовите идеи ја промениле сета комуникација и индустрија од корен.
Као имал важна улога во почетните стадиуми на инженерството и комерцијалната реализација на оптичката комуникација. Пролетта 1966 година, отатувал во Америка, меѓутоа не ги заинтересирал Лабораториите Бел, тогашен конурент на СТЛ во комуникациските технологии. Затоа, пак, во Јапонија наишол на поддршка. Посетил многу фабрики за стакло и полимери, дискутирал за подобрување на производството на оптички влакна со многу инженери, научници, стопанственици.
Лабораториите Бел сериозно се заинтересирале за влакнената оптика во 1969 година. Тогаш Као и М.В. Џоунс ја измериле внатрешната загуба на кварцовото стакло – 4 dB/km. Тоа бил првиот доказ за ултра проѕирно стакло.
Као развил важни техники и конфигурации за влакностаклени брановоди и придонел за развојот на различни типови влакна и уреди кои ги задоволуваат и воената комуникација и периферните помошни системи за оптичка комуникација. Во средината на 1970-тите, се занимавал со плодоносна работа за динамичката издржливост на стаклените влакна. Кога станал првиот извршен научник на ITT, ја вовел програмата „Терабит технологија“, која се занимава со високочестотниите граници на обработката на сигналот. Затоа е нарекуван „татко на концептот за терабит технологија“.Technology of Our Times: People and Innovation in Optics and Optoelectronics (SPIE Press Monograph Vol. PM04), by Frederick Su; SPIE Publications (July 1, 1990); ISBN 0-8194-0472-1, ISBN 978-0-8194-0472-5. Page 82-86, Terabit Technology, by Charles K. Kao. Као има издадено над 100 труда, а има и над 30 патенти, вклучувајќи ги и водоотпорните силни влакна (патентирани заедно со М.С. Маклад).
Во раните фази на развојот на оптичките влакна, Као претпочитал едномодни системи за оптичка комуникација на поголема оддалеченост. Денес речиси исклучиво се применува таквиот принцип.
Чарлс К. Као е визионер на модерните подводни комуникациски кабли. Во 1983 година превидел дека во морињата ќе има оптички кабли, пет години пред првиот подводен кабел да стане функционален.
Појавата на хелиум-неонскиот ласер на Али Џаван и Каовото откритие на својствата на влакната за мала загуба денес се сметаат за двете најважни пресвртници во развојот на отичката комуникација.