Кочан или Кочана ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μυλοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на планината Круша над Серско Поле и во практика селото се наоѓа во Серскиот Округ, не во Кукушко. Кочан се наоѓа на југозападната страна од градот Сер, меѓу селата Равна, Лахана и Орлјак.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кочан се состоело од 45 семејства и 200 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119. и 320 Турци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кочан имало 300 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 180..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 680 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 171 жител. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Ризана.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 185 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 214 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година не било евидентирано, на пописот од 1961 година, во селото живееле 92 жители, во 1971 година имало 223 жители, во 1981 година имало 112 жители, додека во 1991 година имало 102 жители. Денеска, населението на селото е 107 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш