Париз-Ница 2016 — 74. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница. Започнала на 6 март, а завршила на 13 март како втора трка во сезоната на Светската турнеја.
Британецот Герајнт Томас го освоил генералниот пласман. Алберто Контадор бил втор зад него со четири секунди, а бранителот на титулата Ричи Порт завршил трет со 12 секунди.
Рута
Трката започнала со пролог (поединечен хронометар) во предградието Конфлан Сент Онорин, 24,2 километри од центарот на Париз, на 6 март 2016. Првата етапа до Вандом, вклучувајќи две земјени патеки во последниот круг близу градот. Од втората до четвртата етапа се возеле во и низ Средишниот Масив од рамен до ридест терен. Петтата етапа ја однела трката во Прованса и завршила во Салон де Прованс, близу брегот на Средоземното Море. Шале Рејнар, со 1.440 метри надморска височина, била највисоката точка на трката и може да биде под снег во почетокот на март.
Потоа, трката се префрлила во Ница за последните две одлучувачки етапи. Шестата етапа започнала во Ница и завршила на искачувањето Ител, со просечен наклон од 5,7% на 15 километри. Седмата и последна етапа била на 13 март, на ридест терен околу Ница, со Кол д’Ез како завршно искачување на трката. Трката завршила на познатото Англиско шеталиште, на крајбрежјето на Азурниот Брег.
Екипи
Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа на трката. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.
Сите екипи, освен Лото-Судал (кој настапил со седум возачи), започнале со максималните осум дозволени возачи, со што главната група била сочинета од 167 возачи. Тим Лото-Судал ја започнале трката со нов дрес со името Lotto Fix All, производ на нивниот спонзор Судал.
Етапи Пролог
6 март 2016 — Конфлан Сент Онорин, 6,1 км поединечен хронометар (ITT)
Етапа 1
7 март 2016 — Конде сир Вегр до Вандом, 198 км
Етапа 2
8 март 2016 — Контр до Комантри, 213,5 км
Етапа 3
9 март 2016 — Кисе до Мон Бруили, 168 км
Третата етапа била откажана поради снег. Организаторите ја неутрализирале трката на 70 километри пред крајот и на крајот ја откажале целосно. Не биле земени предвид времињата, ниту бодовите освоени на првиот среден спринт и на искачувањата во ниеден од пласманите на трката.
Етапа 4
10 март 2016 — Жилиенас до Роман на Изер, 195,5 км
Етапа 5
11 март 2016 — Сен Пол Труа Шато до Салон де Прованс, 198 км
Етапа 6
12 март 2016 — Ница до Мадон д’Ител, 177 км
Етапа 7
12 март 2016 — Ница до Ница, 134 км
Поредок
Етапа Победник Генерален пласман Бодовен пласман Планински пласман Екипен пласман П Мајкл Метјус Мајкл Метјус Мајкл Метјус недоделена 1 Арно Демар Јон Изагире 2 Мајкл Метјус 3 откажана 4 Насер БуханиЕвалдас Шишкевичиус 5 Алексеј ЛуценкоХесус Ерада 6 Илнур ЗакаринГерајнт ТомасАнтоан Дишен 7 Тим Веленс На крајГерајнт ТомасМајкл МетјусАнтоан Дишен
Трката не го вклучила пласманот за млад возач. На првата етапа, Том Димулен, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. На втората и третата етапа, Арно Демар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. На петтата и шестата етапа, Насер Бухани, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Светска турнеја на UCI 2016 Категорија:Франција во 2016 година Категорија:Париз-Ница