Фес или Фез (арапски: فـاس [Фāс], француски: Fès) е третиот најголем град во Мароко, по Казабланка и Рабат, со население од 946 815 жители (според попис од 2004). Тој е главен град на регионот Фес-Булман.
Фес е еден од четирите т.н. "империјални градови" (другите се Маракеш, Мекнес и Рабат). Градот е поделен на три дела: Фес-ал-Бали (стариот, заѕидан град), Фес-Џедид (новиот Фес, домот на Мелах) и Вил Нувеј, односно Ville Nouvelle (најновиот, создаден од французите дел на градот).
Фес бил основан од Идрис I во 789 година. Во 810, каироујинската џамија, една од најстарите и најголемите во Африка, била изградена од Идрис II, а споениот со неа универзитет бил основан во 859. Градот бил населен со муслимани од другите делови на Северна Африка, како и со Евреи кои имале свој четврт или Мелах во градот.
thumb|center|700px|Панорамска глетка на Фес.
Поврзано Падот на Фес
Наводи
Надворешни врски
Неколку фотографии на Фес Медината на Фес-ал-Бали Еврејската заедница на Фес Портал на ЛексикОриент Фес на магичниот Мароко Фестивалот во Фес за светска света музика Фото-турнеја на Фес-ал-Бали
Категорија:Градови во Мароко Категорија:Населени места основани во 8 век