Свети Никола (, Агиос Николаос) — новооснована населба и туристички центар, кое се смета за одделно село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во непосредна близина, на неколку километри западно од градот Негуш, на надморска височина од 290 метри.

Сместено е на реката Арапица, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја

Свети Никола претставува новооснована населба, која за првпат е спомената со пописот од 1991 година.

Стопанство

Во населбата, која претставува туристички центар, главно занимање е туризмот.

Население

За првпат како посебна населба се спомнува со пописот од 1991 година со 217 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 161 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жители.

Знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1912 г.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.

Наводи

Категорија:Негуш