308px|Целосно затемнување на Сонцето Целосно затемнување на Сонцето се случува кога Месечината целосно го покрива сончевиот диск, како што се гледа во ова затемнување на Сонцето во 1999. Протуберанција може да се види по должината на прстенот (во црвеното) како и пространи коронални нишки.x154px|Annular solar eclipsex154px|Делумно затемнување на Сонцето Прстенесто затемнување на Сонцето (лево) се случува кога Месечината е премногу далеку целосно да го покрие сончевиот диск (20 мај 2012). За време на делумно затемнување на Сонцето (десно), Месечината блокира само дел од сончевиот диск (23 октомври 2014).
Затемнување на Сонцето или Сончево затемнување — вид на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го пооречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани, т.е. гледано од Земјата се наоѓаат во усогласување познато како сизигија. Во целосното затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината, додека во делумното и прстенестото затемнување, само дел од Сонцето е прикриено.
Кога Месечината би била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и во орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како Сончево така и Месечево). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го болкира Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во линија на јазли што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања.Five solar eclipses occurred in 1935. Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината или сенка.
Затемнувањето е природна појава. Сепак, во некои антички и модерни култури, затемнувањето на Сонцето се припишува на натприродна причина или се смета за лош предзнак. Целосно затемнување на Сонцето може да биде застрашувачки за луѓето кои не се свесни за неговото астрономско објаснување, бидејќи Сонцето се чини дека исчезнува во текот на денот и небото почнува да се затемнува во рок од неколку минути.
Бидејќи погледот непосредно во Сонцето може да доведе до трајно оштетување на очите или слепило, специјална заштита за очи или посредни техники за гледање се користат кога се гледа затемнување на Сонцето. Технички е безбедно само да се види целосната фаза од целосното затемнување на Сонцето со голо око и без заштита; сепак, ова е опасна практика, бидејќи повеќето луѓе не се обучени да ги препознаат фазите на затемнување, која може да трае повеќе од два часа додека целосната фаза може само да трае до 7.5 минути за било која локација. Луѓе познати како бркачи на затемнувањето или сенкољупци (умброфили) патуваат на оддалечени места за да го набљудуваат или да бидат сведоци на предвиденото централно затемнување на Сонцето.
Видови left|thumb|Делумни и прстенести фази на затемнување на Сонцето на 20 мај 2012|200px thumb|Копмарација на минималните и максималните очигледни големини на Сонцето и Месечината (и планетите). Прстенесто затемнување може да се појави кога Сонцето има поголема привидна големина од Месечината, додека целосно затемнување може да се појави кога Месечината има поголема привидна големина.
Постојат четири видови на затемнување на Сонцето: Целосно затемнување се јавува кога темната силуета на Месечината целосно ја замрачува интензивната светлина на Сонцето, дозволувајќи побледата корона да биде видлива. За време на било кое затемнување, целосното најдобро се јавува само во тесна траекторија на површината на Земјата.Harrington, pp. 7–8 Прстенесто затемнување се јавува кога Сонцето и Месечината се во иста линија, но привидната големина на Месечината е помала од онаа на Сонцето. Оттука Сонцето се појавува како многу светол прстен, или анулус, опкружувајќи го темниот диск на Месечината.Harrington, pp. 9–11 Мешовито затемнување (исто така наречено прстенесто/целосно затемнување) се менува помеѓу целосно и прстенесто затемнување. На одредени точки на површината на Земјата се појавува како целосно затемнување, додека во други точки се појавува како прстенесто. Мешовити затемнувања се релативно ретки. Делумно затемнување се јавува кога Сонцето и Месечината не се во иста линија и Месечината само делумно го замрачува Сонцето. Оваа појава обично може да се види од голем дел од Земјата надвор од траекторијата од прстенесто или целосно затемнување. Но, некои затемнувања можат да се видат само како делумни, затоа што сенката поминува над поларните региони на Земјата и никогаш не се вкрстува со површината на Земјата. Делумните затемнувања се речиси незабележливи, бидејќи треба над 90% покриеност да се забележи какво било затемнување воопшто. Дури и на 99%, нема да биде потемно од самрак.
Растојанието на Сонцето од Земјата изнесува 400 пати растојанието на Месечината од Земјата , а сончевиот пречник е 400 пати поголем од пречникот на Месечината. Бидејќи овие соодноси се приближно исти, Сонцето и Месечината гледани од Земјата изгледаат како да се приближно иста големина: околу 0.5 степени во аголна мерка.
Одделена категорија на затемнување на Сонцето е таа која Сонцето е окулирано од друго тело наместо Земјината месечина, кое може да биде набљудувано од точки во вселената надвор од површината на Земјата. Два примера се кога екипажот на Аполо 12 ја набљудувале Земјата како го затемнува Сонцето во 1969 и кога Касини сондата го набљудувал Сатурн затемнувајќи го Сонцето во 2006.
Орбитата на Месечината околу Земјата е елипса, каква што е Земјината орбита околу Сонцето. Затоа привидната големина на Сонцето и Месечината варираат. Величината на затемнување е соодносот на привидната големина на Месечината со привидната големина на Сонцето за време на затемнување. Затемнување кое се појавува кога Месечината е блиску до нејзинаото најблиско растојание со Земјата (т.е., блиску до нејзиниот перигеј) може да биде целосно затемнување бидејќи Месечината ќе се појави како доволно голема да го покрие целосно сончевиот светлосен диск, или фотосфера; целосно затемнување има величина поголема од 1. Спротивно, затемнување кое се појавува кога Месечината е блиску до нејзиното најдалечно растојание од Земјата (т.е., блиску до нејзиниот апогеј) може само да биде прстенесто затемнување бидејќи Месечината ќе се појави како делумно помала од Сонцето; величината на прстенесто затемнување е помала од 1. Има малку повеќе прстенести затемнувања на Сонцето од целосни, во просек, Месечината се наоѓа многу далеку од Земјата за да го покрие Сонцето целосно. Мешовито затемнување се јавува кога величината на затемнувањето се менува за време на настанот од помала до поголема од еден, па затемнувањето се чини дека е целосно на некои локации на Земјата и прстенесто на други локации.
Бидејќи Земјината орбита околу Сонцето е исто елипсовидна, оддалеченоста на Земјата од Сонцето слично варира во текот на годината. Ова влијае на привидната големина на Сонцето на ист начин, но не толку колку што прави различното растојанието од Месечината до Земјата. Кога Земјата го приоѓа нејзиниото најдалечно растојание од Сонцето во јули, целосно затемнување е поверојатно, додека условите се во корист на прстенесто затемнување кога Земјата го приоѓа нејзиното најблиско растојание до Сонцето во јануари.Steel, p. 351
Терминологија за средишно затемнување thumb|Секоја икона го покажува погледот од средиштето на својата црна точка, претставувајќи ја Месечината (вон размер) Средишно затемнување е често користен како генерички поим за целосно, прстенесто, или мешовито затемнување. Сепак, ова, не е сосема точно: дефиницијата за централно затемнување е затемнување кое во текот на централната линија на сенката ја допира површината на Земјата. Возможно е, но исклучително ретко, дека дел од сенката се вкрстува со Земјата (со што се создава прстенесто или целосно затемнување), но не и централната линија. Ова е наречено нецентрално целосно или прстенесто затемнување. Последното нецентрално затемнување на Сонцето било на 29 април 2014. Ова било прстенесто затемнување. Следното нецентрално целосно затемнување на Сонцето ќе биде на 9 април 2043.
Фазите набљудувани за време на целосно затемнување се викаат:Harrington, pp. 13–14; Steel, pp. 266–279 Прв контакт — кога работ на Месечината е во точна тангента со работ на Сонцето. Втор контакт — почнувајќи со Бејлиевите монистра (предизвикано од блескавата светлина преку долини (valleys) на површината на Месечината) и ефектот на дијамантски прстен. Речиси целиот диск е покриен. Целосност — Месечината го замрачува целиот диск на Сонцето и само сончевата корона е видлива. Трет контакт — кога првата светлина станува видлива и сенката на Месечината се оддалечува од набљудувачот. Повторно дијамантскиот прстен може да биде набљудуван. Четврт контакт — кога задниот раб на Месечината ќе престане да се поклопува со сончевиот диск и затемнувањето завршува.
Предвидувања
Геометрија thumb|300px|right|Геометрија на целосно затемнување на Сонцето (вон размер)Дијаграмите десно го покажуваат усогласувањето на Сонцето, Месечината и Земјата за време на затемнување на Сонцето. Темносивиот регион помеѓу Месечината и Земјата е сенката, каде Сонцето е целосно замрачено од Месечината. Малата област каде сенката ја допира површината на Земјата е место каде целосно затемнување може да се забележи. Поголемата сива област е полусенката, во која делумно затемнување може да се забележи. Набљудувач во претсенката, областа на сенката надвор од сенката, ќе види прстенесто затемнување.Mobberley, pp. 30–38
Орбитата на Месечината околу Земјата е наклонета под агол нешто повеќе од 5 степени кон рамнината на Земјината орбита околу Сонцето (еклиптиката). Поради ова, за време на млада Месечина, Месечината обично ќе помине на север или на југ од Сонцето. Затемнување на Сонцето може да се јави само кога младата Месечина се појавува во близина на една од точките (познати како јазли) каде орбитата на Месечината се вкрстува со еклиптиката.Harrington, pp. 4–5
Како што е наведено погоре, орбитата на Месечината е исто елипсовидна. Оддалеченоста на Месечината од Земјата може да варира за околу 6% од просечната големина. Затоа, привидната големина на Месечината варира со нејзината оддалеченост од Земјата и тоа е ефектот кој води до разлика помеѓу целосно и прстенесто затемнување. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето исто варира во текот на годината, но ова е помал ефект. Во просек, Месечината се чини дека е малку помала од Сонцето гледана од Земјата, па така поголемиот дел (околу 60%) од централни затемнувања се прстенести. Само кога Месечината е поблиску до Земјата од просечно (блиску до својот перигеј) може да се појави целосно затемнување.