мини|десно|Жива статуа на судија Жива статуа — уверливо насликан и нашминкан уличен уметник кој позира во имитација на статуа или модна кукла. Најчесто се среќаваат како улични изведувачи.

Овие изведувачи имаат за цел да ги измамат минувачите дека се работи за нежив предмет и неретко фигурираат во разни телевизиски емисии со скриена камера за да ги уплашат несвесните.

Историја мини|десно|150п|Олга Дезмонд гола со драперија и пиедестал Живата слика или групите живи статуи биле мошне чести на прославите во средниот век и ренесансата, кога владетелите влегувале во некој град во свечени поворки. Групата што изедувала некаква сцена обично била качена на платформа украсена за да изгледа како споменик и поставена долж поворката.

На почетокот на XX век, германската танчерка Олга Дезмонд ја одржувала претставата „Вечер на убавина“ (Schönheitsabende) каде позирала гола имитирајќи класични статуи (живи слики). Живите статуи се употребени во култниот француски филм Деца на рајот (1945), а како изведба во живо се популаризирани со изведбите на лондонските уметници Гилберт и Џорџ во 1960-тите.

Натпревари Светското првенство за живи статуи се одржува секоја година во Арнем, Холандија. Во 2011 г. траел два дена, имал 300 учесници (меѓу кои и аматери и деца) и привлекол 300.000 посетители.

Почнувајќи од 2000 г. Универзитет за деловни и општествени науки во Буенос Аирес, Аргентина секоја година приредува државен натпревар за живи статуи.

Како улична изведба Живата статуа е мошне чест облик на улична изведба, особено на места со многу туристи. Изведувачот одбира стратешки добро место без сообраќај, но со многу пешаци. Бидејќи воопшто не се помрднува, минувачите напати не увидуваат дека станува збор за човек, па се изненадуваат кога „статуата“ ќе направи некакво движење или ќе им намигне. Колку пари ќе добие еден ваков изведувач зависи од тоа колку добро може да биде забележан од јавноста.

Галерија

Поврзано Жива слика

Наводи

Надворешни врски

Како да бидете жива статуа Учебник по изведба на жива статуа од Аманда Палмер

Категорија:Улична култура Категорија:Сценска уметност