Давиде Мартинели (; р. во ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Мартинели го имал своето деби во дресот на на Тур Даун Андер 2016. На 24 февруари 2016 година забележал изненадувачка прва професионална победа на втората етапа на Тур Ла Прованс. Бил водечки човек за Фернандо Гавирија во завршницата, но падот ја поделило групата, што му дозволило да има можност да ја помине целта пред неговите колеги. Негова прва победа во Светската турнеја дошла на 12 јули 2016 година на првата етапа на Трката околу Полска. Нападнал на 1 километар пред целта, што требало да биде масовен спринт и ја освоил победата пред неговиот колега Гавирија.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.

Личен живот

Давиде Мартинели е син на поранешниот италијански велосипедист и спортски директор на , Џузепе Мартинели.

Достигнувања

2011 1. 20п Национално велодромско првенство - поединечна потера 1. Трофео Емилио Паганеси 1. Меморијал Давиде Фардели 3. ГП дел’Арно 3. Трофео Буфони 6. Европско јуниорско хронометарско првенство 7. Краен пласман ГП Данска 2012 1. Копа дел Грано 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 3. Сиркуито дел Порто 3. Пиколо Џиро д’Емилија 4. Пополарисима ди Тревизо 2013 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Копа де Маџо 2. ГП Спортиви ди Поденцано 2. Копа Мобилио Понсако - Кронометро 2. Копа Мобилио Понсако - Линеа 2. Меморијал Лоренцо Мола 3. Сиркуито дел Порто 3. Џиро дела Валкавасија 3. ГП Мокамбо Бар 5. ГП Совицо 9. Хроно Шампеноа 2014 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Прова-Брачале дел Крономан 1. Брачале дел Крономан 1. Трофео Марио Занки 2. Европско хронометарско првенство под 23 години 2. Милано-Бусето 2. Брачале дел Крономан 3. Меморијал Анџело Фумагали 3. Фиренца-Маре-Фиренца-Лидо ди Камаиоре 6. Сиркуито дел Порто 6. Медалја д’Оро Доменико е Анита Колеони 9. Трофео Едил Ц 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Фучечио (Ла Торе) 3. Гран Премио Индустри дел Мармо 5. Копа дела Паче 6. ГП Лагуна 6. Париз-Рубе за млади 8. ГП Коста дељи Етруски 7. Европско хронометарско првенство под 23 години 2016 1. Етапа 1 Трка околу Полска 1. Етапа 2 Тур Ла Прованс 4. ГП Бриек Схоте 5. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 2017 10. Класик Хандзаме 10. Бриселски велосипедски класик 10. ГП Џеф Схеренс 2018 1. Етапа 1 (ТТТ) Јадранско-јонска трка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година