Албанска академија на науките () — најважна научна установа во Албанија, основана во 1972 година.The World of Learning 2004 By Michael Salzman, Europa Publications ISBN 1-85743-182-0 Page 42 () Установата ги вклучува најистакнатите научници, исто така наречени „академици“, кои се вклучени во истражувачки центри и други органи во и надвор од Албанија. Академијата има 28 члена, 11 придружни члена и 26 почесни члена

Академијата е составена од два дела:

Општествени науки и албанологија Природни и технички науки

Исто така ги вклучува следниве единици:

Проекти на технолошки и иновативен развој, Оддел за странски и јавни односи, Библиотека Издаваштво

Албанската академија на науките ја поседува најголемата академска библиотека во земјата. Основана во 1975 година со само 10.000 единици, вклучувала 8.120.000 единици до 1986 година.World Encyclopedia of Library and Information Services By Robert Wedgeworth Third Edition ISBN 0-8389-0609-5 Page 41 ()

Во 2008 година, четири истражувачки институтит (Институт за историја, Институт за археологија, Институт за лингвистика и книжевноста и Институт за фолклор) станале самостојни и го создале Центарот за албански студии.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Национални академии на науките Категорија:Науката и технологијата во Албанија Категорија:Јазични регулаторни установи Категорија:Национални академии