Ризе (германски Riese, „гигант“) е име на градежниот проект на Нацистичка Германија во 1943–1945 година, што се состои од седум подземни структури сместени во Був планините и во замокот Ксенж во Долна Шлеска, некогаш во состав на Германија, сега на територија на Полска.

Ниеден не е завршен, и сите се оставени во различни фази со мал процент на тунели обложени со бетон.

Целта на проектот останува нејасна, поради недостиг на документи. Некои извори сугерираат дека сите градби биле дел од главниот штаб на фирерот; според други, комбинација на штаб и индустријата за оружје но споредбата со слични објекти, укажува дека само замокот бил претворен во штаб или друг вид на официјален простор, а дека тунелите во планината Був се планирани како дел од мрежа на подземни фабрики.

При изградбата биле користени принудни работници, воени заробеници, како и затвореници од концентрационите логори, од кои многумина ги загубиле своите животи најмногу поради болести и недоволна исхрана.

Историјат thumb|Комплекс Рзецка

Како што се зголемувале воздушните напади на Сојузниците, Нацистичка Германија преместила огромен дел од стратешкото вооружување на посигурни места, вклучувајќи ја Судетската област. Плановите за заштита на важната инфраструктура вклучувале исто така и преместување на фабриките за оружје во подземни бункери како и изградба на скривници од воздушен напад за службениците на владата.

Во септември 1943 година, Министерот за вооружување и воено производство Алберт Шпер и постариот менаџер на организацијата Тод започнале преговори за проектот Ризе. Била основана Шлеска индустриска компанија (Schlesische Industriegemeinschaft AG) која ќе раководи со работите. Во ноември биле оформени колективни логори (Gemeinschaftslager) за принудните работници, главно донесени од Советскиот Сојуз и Полска, воени заробеници од Италија, Советскиот Сојуз, и подоцна од Полска, како резултат на Варшавското востание.

Изградена е мрежа од патишта, мостови и пруги со тесен колосек, со што се поврзувале градилиштата со околните железнички станици. Затворениците ги надополнувале градежните материјали, сечеле дрва, копале резервоари и ги сушеле рововите. Биле градени мали брани на потоците кои служеле за системите за вода и отпад. Подоцна, биле бушени и уривани со експлозив камењата од планините, а тунелите кои се создавале биле обложени со бетон и челик. За оваа цел биле вработувани минери, најчесто Германци, Италијанци, Украинци и Чеси, но најопасната и најисцрпувачкатаработа ја вршеле затворениците.

left|thumb|Замок Ксенж

Наводи

Категорија:Згради и градби во Полска Категорија:Судети