Гарте () — десна притока, долга 23 километри, на реката Лајне, во округот Гетинген, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија

Изворот на Гарте се наоѓа источно од Вајсенборн, место во општината Глајхен, недалеку од границата со Тирингија. Од тука тече кон север. Кај Вајлер Шарлотенбург од десна страна во нејзе се влева Глазехаузенер Бах. Од тука тече кон северозапад, поминувајќи низ Бајенроде (устие на Мосгрунд), Керстлингероде, Ритмарсхаузен (устие на Бернсродер Бах) и Велмарсхаузен. Од тука тече кон запад. Кај Бенихаузен, во Гарте од лево се влева Бишхојзер Бах. Неколку километри кај Клајн Ленгден се влева Брамке, а потоа и Ленгдер Бах и Ајхбах. По два километри кон Димарден, Гарте повторно го менува својот тек кон северозапад. Источно од Росдорф и јужно од Гетинген, Гарте се влева во реката Лајне.

На 23-километарскиот тек, Гарте поминува висинска разлика од 151 метар. Просечниот наклон изнесува 6,6‰.

Притоки

(непознато име, доаѓа од Вајсенборн) (Л) Глазехаузер Бах (Д) Мосгрунд (Л) Бернсродер Бах (Д) Бишхојзер Бах (Л) Брамке (Д) Ленгдер Бах (Д) Ајхбах (Д)

Наводи

Категорија:Слив на Лајне Категорија:Реки во Долна Саксонија