Свети Архангел Михаил — главна селска црква во мариовското село Крушевица, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Крушевица, а во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Според кажување на мештаните црквата е изградена во триесеттите години на XIX век, а била обновена во 1931 година.
Архитектура
Според градбата претставува еднокорабна црква со полукружна апсида и галерија на кат. Изградена е од делкан камен со доста голема височина, налик на сите селски цркви во областа Мариово.
Состојбата на црквата е добра.
Во внатрешноста на црквата се наоѓа дел од античко мермерно столбче кое можеби потекнува од блискиот антички град Пелагон на врвот Висока над селото, а во дворот на црквата има делумно разрушена римска мермерна надгробна плоча - стела со релјеф на жена и дете.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта, каде по пренесувањето на коските се наоѓа и гробот на познатиот мариовски војвода Толе Паша (Стојан Кулески), кој е роден во ова село, а во чија чест во црквата на почетокот на март се одржува свечена манифестација.
Фрескоживопис
При обновата на црквата во 1931 година, истата била живописана. Фрескоживописот се наоѓа во катастрофална состојба и е потребна негова конзервација и реставрација.
Икони и иконостас
Црквата поседува дрвен иконостас, кој бил направен во 1930 година.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Крушевица
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Архангел Михаил во Македонија