Трајко Димитров (, - , ) — македонски архитект. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, а дипломирал во 1956 година. По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна бил преобразен во Македонијапроект и тука останал сè до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990 година. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен нагласок на спортските зданија.Трајко Димитров, страница на „МАРХ“.
Животопис Потекнува од занаетчиско семејство. Татко му Ѓорѓи, роден 1902 година во Булачани, бил истакнат мајстор во градот за изработка на мебел, а мајка му Стојна, родена 1903 година во Пагаруша, потекнувала од семејство кое според семејната традиција имало свој рудник за вадење и обработка на мермер. До 1937 живеел во маалото Буњаковец, а потоа за време на школувањето и студиите па сè до 1962 во Дебар Маало.
Починал на 5 јануари 2023 година во Скопје.
Позначајни дела 1958 Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје, 1962 Станбениот блок ( П+5+По) на аголот на улиците „Ленинова” и „Орце Николов” во Скопје 1966 Пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје 1968 Природонаучен музеј на Македонија,Скопје 1970 Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје, (со арх. Живко Гелевски) 1973 Универзалната спортска сала на Тутунски комбинат во Прилеп, 1973 Основно училиште „Гоце Делчев” во Кавадарци, 1978 Покриениот пливачки базен „Младост” во Скопје 1979 Универзалната спортска сала во Куманово (со арх. Живко Гелевски) 1986 Административно-деловниот комплекс „Палома Бјанка” во Скопје
Награди и признанија 1966 Борбина плакета, за пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје 1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп, 1981 Голема награда на Бимас, за Универзалната спортска сала во Куманово
Наводи
Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Луѓе со потекло од Булачани Категорија:Луѓе со потекло од Пагаруша Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“