thumb|Неокласистичка конзола создадена од исправена волута Конзола () — носечки елемен кој се издвојува од рамна површина на ѕид и носи лак, еркер, балкон, скулптура или слично, по некогаш е само испуст од ѕидната рамнина. Прицврстен е во ѕидот само на едната страна.
Историја Во старата архитектура конзолите се од камен и често се богато украсени со геометриски, флорални или фигуративни мотиви. Од 17 век може да бидат од тули а исто така и од штуко или гипс, кои понекогаш имаат само декоративно значење,
Се појавуваат и во архитектурата на средновековните замоци, како мали конзоли и како поголеми кои носат еркери, мостчиња па и средновековни клозети кои се видливи на ѕидовите на замокот (вакви клозети се појавуваат и во народната архитектура на балканот) и им даваат посебен карактер.
Галерија
Напомена Архитектонската конзола не би требало да се заменува со статичката конзола.
Поврзано Декоративни архитектонски елементи
Наводи
Литература J. Herout, Slabikář návštěvníků památek. Praha 1978, pp. 158. Priruční slovník nauční ČS Akademia vied, Praha 1966.
Категорија:Архитектонски елементи Категорија:Галицизми