Петер Цумтор (; р. ) — швајцарски архитект. Роден е во Базел. Татко му бил столар и љубовта кон техничките науки ја открива учејќи столарство, од 1958 до 1962 година. Од 1963 до 1967 година студирал на Школата за уметности и занаети, а потоа се запишал на индустриски дизајн и архитектура на институтот Парт во Њујорк. Свое студио отворил во 1979 во Халденштајн, мало швајцарско планинско село, каде сè уште работи.Цумтор, Петер. „Атмосфери“. Икона. Биографија во поговор.

Како перфекционист во својата работа, Цумтор не проектира многу градби и секој од неговите проекти е исклучителен, суптилен и едноставен, но истовремено и раскошен. Меѓу неговите најпознати проекти се вбројуваат: Топлите бањи во Валс, Музеј на уметностите во Брегенц, Капелата Брат Клаус во Мехемих и Музеј Колумба во Келн. Наречен уште и „повлечениот архитект“, Цумтор во 2009 година го добива најголемото архитектонско признание на светот - Прицкеровата награда за архитектура.

Галерија

Наводи

Литература Цумтор, Петер. „Атмосфери“. Икона. ISBN 978-608-221-078-0.

Категорија:Швајцарски архитекти Категорија:Добитници на Прицкеровата награда Категорија:Носители на Кралскиот златен медал Категорија:Луѓе од Базел Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите Категорија:Живи луѓе