desno|300px|мини|Дневна соба Одаја — просторија која има повеќенеменски функции како што се: преку ден за одмор, за примање на гости навечер, за веселби и за спиење.
Од аспект на функционалноста, одајата секогаш е поврзана со чардакот на катот, кој ги поврзува сите останати содржини. На еден кат понекогаш се наоѓаат и до четири одаи, кои се поврзани со чардакот на средината на основата.
Во преземјето одајата е поврзана со тремот (под чардакот), а преку него и со надворешниот простор, а преку скалите со останатите нивоа на куќата по вертикала.
Форма
Формата на одајата во основа, се јавува во три типа:
правоаголен (најчесто застапен); со издолжена форма (во голем број на примери); со неправилна форма (многу ретко).
Употреба
Употребата на ентериерните елементи, се состои од:
одаја која не содржи постојани делови на ентериерот и огништето; одаја со огниште, но без вградени делови во ентериерот; одаја без огниште со вградена опрема, со долапи; одаја со огниште и долапи. одаја со вградени ентериерни делови: огниште, долапи и мусандри.
Одајата има мали (3 х 3,80 м, Битуше) или поголеми димензии (до 6 х 7,30 м, Тануше), со поволна ориентација.
Во зависност од применетиот конструктивен систем и просторниот распоред, одајата се формира, кај помал број на примери, со ѕидови од камен со голема дебелина или во поголем обем во бондручен систем. Кај поголем дел примероци одајата е поставена во делот од конструктивниот систем каде е употребена бондручна конструкција, поради прозорските отвори во ѕидот.
Наводи
Категорија:Архитектонски елементи Категорија:Турцизми