Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Илинскиот манастир, сместена на самата атарска граница на Мало и Големо Илино, Македонија.
Црквата се наоѓа на самиот срт на Илинска Планина, над селото Големо Илино, Демирхисарско.
Местоположба
Црквата се наоѓа на 1.524 метри на зарамнетиот дел на планинскиот превој и самата граница помеѓу општините Демир Хисар и Дебрца.
До манастирот водат земјени патишта во насока на селата Брежани и Мало Илино.
Историја
Манастирската црква е изградена во 1990 година со средства на црковниот одбор и жителите од селото Големо Илино како и на дел од соседното охридско село Брежани.
Секоја година на Илинден се одржува голем црковно-народен собор и прослава со многубројни посетители од Големо Илино, Мало Илино, Брежани повеќето села во Демирхисарско, Охридско, Кичевско како и од градовите Демир Хисар, Охрид, Битола и иселеници од Скопје и странство, заради што во дворот на манастирот има 2 конаци.
Патеки
Од манастирот води добр ообележана планинарска патека кон врвот Лиска.
Галерија
Внатрешноста на црквата
Надворешноста на црквата
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Сопотничка парохија Големо Илино
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Големо Илино Категорија:Мало Илино Големо Илино Категорија:Македонската архитектура во 1990 година