Чигоќ () — село во областа Посавина во Хрватска. Чигоќ има околу 124 жители и припаѓа на општината Сисак. Селото се наоѓа во Природниот парк Лоњско Поле во Западна Славонија. Местото е особено познато по својата голема популација на штркови во долината на реката Сава и од 1994 година ја носи титулата европско село на штркот.

Жителите во селото се занимаваат со сточарство и со земјоделство.

Статистика на штркови

Двојки на штркови: 39 пара и 54 младинци (најслаба година 2003), 45 (2000), 41 (1999), 44 пара и 188 младинци (најмногу во 1988 година), 31 (1968)

Гнезда на: дрвени куќи

Фестивал на штркот: 19 март на пристигнувањето на штрковите. Кон крајот на јуни секоја година се прославува Штроково (ден на штркот), како сеќавање на доделувањето на титулата „европско село на штркот“.

Партнер: Природен парк Лоњско Поле

Надворешни врски Официјална страница Природен парк Лоњско Поле Список на европските села на штркот

Категорија:Села во Хрватска