Финале на Купот на европските шампиони 1982 — фудбалски натпревар одржан на стадионот „Фејенорд“ (наречен и „Де Којп“) во Ротердам, Холандија на 26 мај 1982 г. кој завршил со победа на англискиот првак Астон Вила над западногерманскиот првак Бајерн Минхен со 1–0. Со ова, Астон Вила за прв (и досега единствен) пат го освоиле Европскиот куп. Ова била шеста европска титула за клуб од Англија.

Пат до финалето

Астон ВилаКруг Бајерн МинхенПротивникЗбир.Прв натп.Втор натп.ПротивникЗбир.Прв натп.Втор натп. Валир7–05–0 2–0 Прв круг Естерс6–01–0 5–0 Динамо Берлин2–2 (г)2–1 0–1 Втор круг Бенфика4–10–0 4–1 Динамо Киев2–00–0 2–0 Четвртфинале Университатеа Крајова3–12–0 1–1 Андерлехт1–01–0 0–0 Полуфинале ЦСКА Софија7–43–4 4–0

Натпревар Преглед Натпреварот бил огромно постигнување за Тони Бартон како тренер, бидејќи ова му била прва сезона во тоа својство. Настапил во ова својство пред четвртфиналето по случајност, поради неочекуваното напуштање на дотогашниот тренер на Астон Вила, Рон Сондерс.

Еден од повпечатливите моменти во финалето се случил кога по 10 минути ветеранскиот голман Џими Ример се здобил со повторна повреда на рамото. Него го заменил Најџел Спинк, кому ова му било само втор настап како клупски голман на поголемо натпреварување. Спинк ги спречил сите обиди за гол на Бајерн Минхен, за што добил високи оценки и станал главен голман на Астон Вила во наредните 10 сезони.

Друг впечатлива случка е кога Бајерн Минхен успеале да ја внесат топката во голот во последните три минути, но голот бил досуден како офсајд. Истото им се случило на Астон Вила неколку секунди пред крајот на натпреварот, но овој втор гол бил отфрлен од судиите.

Како бранител на европската шампионска титула, Астон Вила учествувале во следната сезона на Европскиот куп, Европскиот суперкуп и Интерконтиненталниот куп. На следниот Европски куп, Астон Вила успеле да ја задржат титулата сè до четвртфиналето, кога изгубиле од Јувентус. Ги победиле Барселона со збирен резултат од 3–1, така освојувајќи го Суперкупот, но изгубиле со 2–0 од уругвајскиот клуб Пењарол на Интерконтиненталниот куп во Токио, Јапонија.

Поробности за натпреварот

1 Џими Ример 2 Кени Свејн 3 Гери Вилијамс 4 Алан Еванс 5 Кен Мекнот 6 Денис Мортимер 7 Дез Премнер 8 Гери Шо 9 Питер Вит 10 Гордон Кауанс 11 Тони МорлиЗамени: 16 Најџел Спинк Колин Гибсон Енди Блер Пет Херд Дејвид ГедисТренер: Тони Бартон 1 Манфред Милер 2 Волфганг Дремлер 3 Удо Хорсман SW 4 Ханс Вајнер 5 Клаус Аугенталер 6 Волфганг Краус 7 Бернд Дирнбергер 8 Паул Брајтнер 9 Дитер Хенес 10 Рајнхолд Мати 11 Карл-Хајнџ Румениге Замени: 16 Гинтер Гитлер 13 Курт Нидермајер Валтер ЈунгхансТренер: Пал Чернаи

Поврзано Куп на шампиони 1981/82

Надворешни врски Куп на шампиони 1981/82 — УЕФА

1982 Категорија:Фудбалот во 1982 година