Меѓу поројните дождови (англиски: Between Showers) - американски филм од 1914 година, во режија на Хенри Лерман (Henry Lehrman). Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Форд Стерлинг (Ford Sterling) и Честер Конклин (Chester Conklin).IMDb, Between Showers (1914) (пристапено на 25.4.2016)

Содржина Додека еден полицаец (го игра Конклин) флертува со девојката, еден крадец (го глуми Стерлинг) незабележливо му го краде чадорот. Кога пристигнува на улицата којашто е поплавена од поројниот дожд, крадецот здогледува една дама која не знае како да ја премине улицата. Крадецот ѝ го дава чадорот, а тој заминува да земе штица по која дамата би ја преминала улицата. Во меѓувреме, дамата ја здогледува и еден скитник (го игра Чаплин), кој исто така оди по штица, сакајќи да ѝ помогне на дамата. Меѓутоа, кога се враќаат на местото, дамата ја нема, зашто таа веќе ја преминала улицата со помош на друг полицаец.

Подоцна, крадецот ја здогледува дамата во паркот и ѝ се додоворува, но кога таа го одбива, тој си го бара чадорот назад. Дамата не сака да му го даде и меѓу нив започнува кавга, која набрзо се претвора во тепачка. По некое време, во паркот доаѓа и скитникот, кој започнува тепачка со крадецот, сакајќи да ја спаси дамата. Најпосле, тој е совладан и скитникот ѝ се додоворува на дамата, а кога таа го одбива, тој ѝ го зема чадорот. Во меѓувреме, крадецот го повикува полицаецот, но тој си го препознава својот чадор и крадецот е упасен.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1914 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Хенри Лерман Категорија:Филмови со Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Форд Стерлинг Категорија:Филмови со Честер Конклин Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на англиски јазик