мини|десно|300п|Лонглит Лонглит () — вонградски посед близу Варминстер во Вилтшир, Англија. Познат е по елизабетанската куќа, лавиринт и пејзажиран парк, а и за Лонглитскиот сафари-парк. Куќата има над 3,6 км² парк, пејзажиран од Кејпабилити Браун, со 32 км² шуми и пасишта. Ова бил првиот достоинственички дом отворен за јавноста, како и првиот сафари-парк вон Африка.
По уништувањето на првобитниот приорат на тоа место во 1567 сегашната куќа ја изградил Сер Џон Тин, според нацрти на Роберт Смитсон. Биле потребни 12 години за да се заврши куќата која денес се смета за еден од најодличните примери на елизабетанска архитектура во Британија. Моментално во неа живее Александар Тин, 7-ми маркиз од Бат, кој е директен потомок.
На земјиштето на куѓата се наоѓа и Лонглитскиот сафари-парк
Лонглитска гора Лонглитската шума () во 1972 г. е прогласена за биолошко место од посебен научен интерес во Сомерсет. Зафаќа површина од 249,9 ха.
Надворешни врски Лонглит Лонглит — критички осврт на градините
Категорија:Архитектура од 1570-тите Категорија:Историски куќи во Вилтшир Категорија:Градини во Вилтшир Категорија:Знаменитости во Вилтшир