Џиро д’Италија 2016 (позната и како Трка околу Италија 2016) — 99. издание на Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот. Трката ќе започне во Апелдорн на 6 мај со поединечен хронометар во должина од 9,8 км и ќе продолжи со уште две етапи во Холандија, обете помеѓу Најмеген и Арнем. Потоа, по еден ден за одмор, следуваат уште 18 етапи до завршницата на 29 мај. Овие етапи главно ќе бидат возени во Италија, иако две етапи делумно ќе преминат на територија на Франција.

Екипи

Сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат своја екипа. Првата специјална покана била доделена на крајот на сезоната 2015 на екипата . Додека возеле како , ја освоиле сезонската серија „Копа Италија“ (Coppa Italia); победниците на серијата автоматски добиваат покана на идното издание на Џиро д’Италија. Две од преостанатите три специјални покани биле доделени на италијански екипи ( и ); преостанатата покана била доделена на руската екипа . Со тоа имало 22 екипи на Џиро, секоја од нив составена од девет возачи; со што главната група била составена од 198 возачи на почетокот на трката.

Фаворити пред трката

Фаворити пред трката биле Винченцо Нибали, Микел Ланда, Алехандро Валверде, Илнур Закарин, Ригоберто Уран, Рафал Мајка, Том Димулен, Доменико Поцовиво и Јакоб Фуглсанг.Who Will Win The Giro?

Рута и етапи

мини|Лозјата во областа Кјанти, средиште на поединечниот хронометар на деветтата етапа во должина од 40,4 км

Информациите за почетокот на Џиро биле претставени на 26 јуни 2015 година. Било потврдено дека Холандија ќе го има својот трет „голем почеток“ (Grande Partenza) на Џиро, претходно домаќин на изданијата во 2002 и во 2010 година. Етапите во Холандија ќе вклучуваат поединечен хронометар на воведниот ден, по што следеле две друмски етапи подобни за спринтери; за да изврши долгиот трансфер ќе има ден за одмор по третатат етапа. Деветтата етапа била најавена на конференција за печатот во Лондон на 7 септември 2015 година, а тринаесеттата етапа била потврдена на конференција за печатот на 21 септември 2015 година. Остатокот од рутата за Џиро д’Италија 2016 била претставена од директорот на трката Мауро Вењи на 5 октомври 2015 година. По три етапи во Холандија, трката се преместила на Калабрија, на југот од Италија. Рутата главно ги носела кон север, често преминувајќи низ Апенините, со етапи во планините во Фурланија и Доломитите кои дошле подоцна на трката. Завршниот и најтежок дел од Џиро дошол завршната недела, со етапи на Алпите.

По низа умерено ридски етапи, првата етапа со завршница на нагорнина дошла на крајот на шестата етапа. Потоа следеле уште две ридски етапи, втората вклучувала земјено искачување во завршните 25 километри. Деветтата етапа се очекувала да биде најважна за одлучувањето на крајниот победник на трката: поединечен хронометар од 40,4 километри низ областа Кјанти. Вториот ден за одмор следел по хронометарот. По денот за одмор, десеттата етапа повторно завршувала на нагорнина — иако било искачување од трета категорија — кое доаѓало на крајот на многу ридестата втора половина од етапата. По две релатино рамни етапи, трката повторно навлегувала во планините кон крајот на втората етапа, каде тешката тринаесетта етапа завршувала на две искачувања пред завршница во Чивидале дел Фриули. Втората недела се одвивала на Доломитети: четиринаесеттата етапа имала шест големи искачувања, додека петнаесеттата етапа била планински хронометар од 10,8 километри до Зајзер Алм. По завршниот ден за одмор, третата недела на Џиро започнала со ридска етапа, која вклучувала искачување во завршните 5 километри, а подоцна следела две релативно рамни етапи. Етапите 19 и 20 повторно ги носеле возачите во високите планини: деветнаесетттата етапа завршувала на искачување долго 12,8 километри на Ризул во Франција, а подоцна дваесеттата етапа вклучувала три искачувања од прва категорија и завршувала на нагорнина. Завршната етапа имала спринтерски круг околу Торино.

По почетокот во Холандија, три етапи ја напуштале Италија: две од нив ја посетувале Франција (деветнаесеттата етапа завршувала во Ризул, а дваесеттата етапа започнувала во Гијестр), додека осумнаесеттата етапа започнувала во Швајцарија. Споредено со претходното издание, трката била пократка за 98,8 километри, содржела еден ден за одмор повеќе, како и два хронометри повеќе. Немало екипен хронометар.

Преглед на трката

мини|Том Димулен ја освоил првата етапа на трката и станал прв предводник.

Трката започнала со поединечен хронометар во Апелдорн. Фабијан Канчелара бил фаворит, целејќи да стане предводник на Џиро по првпат во својата кариера, но стомачните проблеми го оставиле на осмото место на етапата. Наместо тоа, домашниот возач Том Димулен дошол до победа, иако имал исто време како второпласираниот Примож Роглич, додека костариканскиот возач, Андреј Амадор, завршил трет, шест секунди зад него. На крај, Холанѓанецот ја облекол првата розова маичка на трката. Следните две етапи во Холандија, се одржале помеѓу Најмеген и Арнем, биле освоени од Марсел Кител. Губејќи 11 секунди на воведниот хронометар, двата временски бонуси од 10 секунди му ја донеле розовата маичка на Германецот по третата етапа.

мини|Марсел Кител освоил две етапи и бил предводник на трката на еден ден.

По еден ден одмор, трката се вратила на југот на Италија, со ридски етапи. Диего Улиси ја освоил етапата, по напад на искачување од трета категорија. Кител отпаднал на истото искачување и заедно со второто место на Димулен, значело дека Холанѓанецот ја повраќа розовата маичка. Петтата етапа била рамна и била освоена од Андре Грајпел. Меѓутоа, шестата етапа била сметана за важна — била прва завршница на нагорнина на Џиро, во Рокаразо. Била освоена од Тим Веленс, кој се приклучил на успешно бегство на етапата. Помеѓу кандидатите за генерален пласман, Димулен стекнал десет секунди пред неговите соперници и си ја зачувал розовата маичка. Винченцо Нибали изгубил време, поради лоша тактика на екипата. Грајпел ја освоил седмата етапа, трета последователна победа на .

Осмата етапа вклучувала земјено искачување. Џанлука Брамбила ја освоил етапата во Арецо, меѓутоа зад него, започнала Битката за генералниот пласман. Димулен отпаднал и изгубил една минута. Предноста на Брамбила била доволна за освојување на розовата маичка, прв Италијанец кој ја облекол во текот на Џиро 2016. Следната етапа била освоена од Роглич; негова прва победа на големите трки. За време на етапата врнело дожд, поради што имало влијание на генералниот пласман. Боб Јунгелс се поместил зад Брамбила, но не успеал да ја преземе маичката, благодарение на разликата од една секунда. Микел Ланда, исто така, се поместил во генералниот пласман, меѓутоа се повлекол во текот на наредниот ден. Десеттата етапа завршувала на нагорнина и била освоена од Џулио Чиконе. Ланда закрепнал по треската минатиот ден, додека Брамбила ја жртвувал розовата маичка за помош за неговиот колега, Јунгелс, кој ја зел розовата маичка на крајот на денот. Единаесеттата етапа била прилично рамна етапа, но при крајот имала искачување од четврта категорија, каде се очекувале напади. Димулен, кој страдал од седлото, ја напуштил Џиро, додека Амадор ги нападнал фаворитите на 13 километри пред целта. Носителот на розовата маичка, Јунгелс, го следел неговиот потег, додека Улиси ги стигнал на спустот. Тројката работела заедно да остане напред, а на целта Улиси ја освоил етапата, додека Јунгелс го зголемил своето водство. Следната етапа била рамна, при што Грајпел стигнал до својата трета победа. Грајпел, заедно со некои спринтери, се повлекол од трката по оваа етапа.

Следните неколку етапи пред третиот ден за одмор се очекувало да бидат клучни во врска со генералниот пласман. Тринаесеттата етапа била освоена од Микел Ниеве од , додека Јунгелс отпаднал на последното искачување. Амадор, исто така, кратко отпаднал на искачувањето, пред да се врати на спустот, преземајќи ја розовата маичка, откако Јунгелс изгубил 50 секунди. Четиринаесеттата етапа била кралска етапа на трката, која вклучувала шест категоризирани искачувања пред спустот до Корвара. Естебан Чавес ја освоил етапата, откако ги претекнал Стевен Краусвајк, кој ја освоил розовата маичка, и Георг Прајдлер. Нибали ја разгорел борбата за генералниот пласман на последното искачување до Валпарола, напаѓајќи на 27 километри до целта. Негодиот напад не го следеле Амадор и Алехандро Валверде, кои изгубиле три минути на етапата. Краусвајк нападнал близу врвот, со Чавес, откако отпаднал Нибали, единствениот возач кој се држел до нив. Нибали изгубил повеќе од половина минута по етапата. На петнаесеттата етапа бил третиот поединечен хронометар на трката, кој вклучувал искачување до Алпе ди Сиузи. Александар Фолифоров ги изненадил фаворитите за генералниот пласман со победа на етапата, тесно победувајќи го Краусвајк. Краусвајк го зголемил своето водство за повеќе од две минути пред второпласираниот Чавес, додека Нибали имал механички проблеми на искачувањето, при што изгубил повеќе од две минути. Шеснаесеттата етапа била кратка етапа, на која победил Валверде, кој го претекнал Краусвајк на целта. Краусвајк го зголемил своето водство во генералниот пласман до три минути, откако Чавес изгубил 42 секунди, додека Нибали отпаднал на последното искачувањето. Изгубил скоро две минути и паднал на четвртото место во генералниот пласман, доцнејќи скоро пет минути. Седумнаесеттата етапа била рамна, каде Роџер Клуге од ја освоил откако ги изненадил преостанатите спринтери со напад во последниот километар. Победата се случила два дена откако неговата екипа објавила дека се распаѓа на крајот на сезоната.

Осумнаесеттата етапа била уште една рамна етапа, но вклучувала при крајот едно искачување од втора категорија и едно некатегоризирано искачување. Матео Трентин победил од бегство, додека кандидатите за генералниот пласман завршиле 14 минути зад него. Деветнаесеттата етапа била прва во високите планини, со Чима Копи, Кол д’Ањел и завршница во Ризул во Франција. Микеле Скарпони го освоил Чима Копи, додека Валверде, Илнур Закарин и Рафал Мајка отпаднале. На спустот, обајцата, Краусвајк и Закарин, паднале, при што Закарин ја скршил клучната коска и го изместил рамото, поради што ја напуштил трката. Денот се покажал како откровение за Нибали, при што ја освоил етапата откако Чавес отпаднал на искачувањето до Ризул. Во меѓувреме, Краусвајк ја поминал целта скоро пет минути зад Нибали и четири минути зад Чавес. Чавес ја освоил розовата маичка со 44 секунди предност пред Нибали, додека Краусвајк, кој подоцна дознал дека има скршено ребро, паднал на третото место со минута и пет секунди зад нив. Дваесеттата етапа била завршна одлучувачка етапа во поглед на генералниот пласман, со три искачувања од прва категорија и стрмно искачување од трета категорија за завршница во Сант’Ана ди Винадио.

Поредок

На Џиро д’Италија 2016 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2016 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.