Хромафинските клетки или феохромоцити се невроендокрини клетки кои претежно се наоѓаат во медулата на адреналните жлезди кај цицачите. Хромафинските клетки ослоободуваат катехоламини: ~80% епинефрин (адреналин) и ~20% норепинефрин (норадреналин) во системската циркулација.
Номенклатура Зборот „хромафин“ е кованица од зборовите хром и афинитет. Овие клетки името го добиле бидејќи можат да бидат визуелизирани со боење со соли на хром.
Категорија:Ендокрини жлезди Категорија:Човекови клетки