Македонски железници (МЖ) — јавно претпријатие за железничка инфраструктура на Република Македонија.

Железничка мрежа Железничката мрежа во Република Македонија има:

699 км отворени пруги 226 км станични колосеци 102 км индустриски колосеци

Железнички линии

граница со Србија - Табановце - Куманово - Скопје - Велес - Градско - Гевгелија - граница со Грција (како дел од коридор X) Куманово - Бељаковце (во ремонт и градба до Крива Паланка и граница со Бугарија, како дел од коридор VIII) Градско - Шивец (до индустријата за фероникел крај Кавадарци) граница со Косово - Волково - Ѓорче Петров - Скопје Ѓорче Петров - Тетово - Гостивар - Зајас - Кичево (која треба да се продолжи до Охрид и Струга и граница со Албанија, како дел од коридорот VIII) Зајас - Тајмиште (до рудникот за железна руда) Велес - Прилеп - Бакарно Гумно - Битола - Кременица - граница со Грција (како дел од коридор Х) (во ремонт дел до граница со Грција до 2016) Бакарно Гумно - Сопотница (до рудникот за железна руда) Велес - Овче Поле - Штип - Кочани

Возен ред Возниот ред е определен согласно Објавата на Македонски железници за 2021 година.

Историја

Првата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското Царство. На 9 август 1873 година со железница биле поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која во 1874 година е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници. На 14 јуни 1894 година Солун е поврзан и со Битола. На 20 октомври 1924 година завршена е делницата Велес-Штип и првиот влез влегува на станицата во Штип. Пругата, пак, Велес – Битола е предадена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.

Во февруари 2015 година, „Македонски железници“ се модернизирале со 107 нови транспортни вагони, како дел од проектот за набавка на 150 вагони, реализиран од страна на македонската влада.„Пристигнати се 107 нови вагони, се очекуваат уште 43“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 6.

Македонски железници, повеќепати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година: 1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа 1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје 1977 Железничкa транспортна организација – Скопје 1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје 2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје 2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје

Наводи

Надворешни врски Македонски железници — Официјална страница на МЖ Видеоканал на Јутјуб — сè за МЖ

Категорија:Железнички сообраќај во Македонија Категорија:Превозници од Македонија Категорија:Македонски железнички претпријатија