Балцерс () — град и општина во јужниот дел на Лихтенштајн. На пописот од 2005 година, општината имала население од 4.420 жители. Главниот дел на селото се наоѓа долж источниот брег на реката Рајна.

Историја и култура

Историски, денешниот облик на градто се состои од две различни села, моменталниот Балцерс на исток и Мелс на запад. Иако не е очигледно, поделбата сè уште постои во локалната култура, што се пресликува во полусериозен локален натпревар. Некои обичаи, како пролетниот ритуал „Функен“ со претхристијански елементи вклучува огромен оган, се изведуваат одвоени. Двата дела биле првпат споменати во 842 година како Палацоле (Palazole).

Балцерс е седиште на замокот Гутенберг од век, сместен на карпест рид во средиштето на градот.

Хелидром

Во Лихтенштајн нема аеродром, но во Балцерс има мал хелидром достапен за сезонски летови .

Ерликон Балцерс

Седиштето на претпријатието „Ерликон Балцерс“, голем производител на технологија за филм, сончева и вакуум, се наоѓа во Балцерс.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Општини во Лихтенштајн