Леополд III (, роден на во Виена - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1365–1379), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска и гроф од Тирол (1365–1386).
Рани години
Леополд III бил син на војводата Албрехт II и Јохана фон Пфирт.
Управување
Неговиот татко Албрехт II во 1355 година го основал Хабсбуршкиот домашен ред, според кој неговите синови заедно и со еднакви права треба да ја водат земјата. Кога тој починал на 20 јули 1358 година, најголемиот негов син Рудолф IV го презел управувањето на териториите, бидејќи другите негови три сина биле малолетни.
Во 1364 година Рудолф IV го основал Рудолфскиот домашен ред, според кој хабсбуршките територии се заедничка сопственост на сите браќа со потписите на тројцата браќа. (Фридрих III починал во 1362 година). По неколку месеци Рудолф IV починал ненадејно на 26 години и двајцата браќа Албрехт III (кој имал 15 години) и Леополд III (кој имал 16 години) започнале да управуваат заедно. Поголемиот брат Албрехт ја имал водечката улога. Наскоро тие дошле до конфликт.
Со договорот од Нојберг од 25 септември 1379 година Албрехт ја добил Австрија, додека Леополд го добил Тирол, Штаерска, Корушка, Крањска, Горица итн. Така презимето Хабсбург се поделило на Леополдска и Албрехтска линија.
Во 1386 година Леополд бил убиен во Битката кај Семпах. Тој бил погребан во манастир Свети Павле во Корушка. Албрехт станал регент на сите хабсбуршки територии бидејќи синовите на Леополд биле малолетни. Албрехт починал во 1395 година и бил наследен од неговиот син Албрехт IV, но наскоро синовите на Леополд успеале да си ги вратат териториите.
Семејство
Леополд се оженил во 1365 година во Виена за Виридис Висконти, ќерка на Војводата Бернабо Висконти од Милано. Тие имале четири деца: Вилхелм (1370–1406) Леополд IV Дебелиот (1371–1411) Ернест Железниот (1377–1424) Фридрих IV со празните џебови (1382–1439)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Војводи од Австрија Категорија:Војводи на Штаерска Категорија:Војводи на Корушка Категорија:Војводи на Крањска Категорија:Грофови на Тирол Категорија:Хабсбурговци