Леополд IV (, роден околу во - починал на во ) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода на Австрија (1386—1411), војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска (1386—1396), гроф од Тирол (1386—1406).

Рани години

Леополд IV бил син на војводата Леополд III и Виридис Висконти. Во 1386 година неговиот татко бил убиен во Битката кај Семпах. Нивниот чичко Албрехт IIIFranz von Krones: Leopold IV. (Herzog von Österreich, Steiermark, Kärnten und Krain). In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 18, Duncker & Humblot, Leipzig 1883, S. 395–398. ги управувал териториите на нивниот татко бидејќи Леополд, заедно со неговите браќа Вилхелм, Ернест и Фридрих биле малолетни.

Управување

По конфликтот и по склучувањето на договор во Холенбург со неговиот братучед Албрехт IV, Леополд од 1396 година станал војвода на Горна Австрија (Тирол и Предна Австрија). По смртта на неговиот брат Вилхелм тој од 1406 до 1411 година бил регент во Виена на неговиот малолетен внук Албрехт V во Виена, идниот римско-германски крал.

Семејство

Леополд во 1393 година се оженил за Катарина Бургундска, ќерка на војводата Филип Храбриот од Бургундија и неговата сопруга грофицата Маргарета. Тие немале деца.

Негов наследник во Тирол станал брат му Фридрих. Неговата вдовица во 1414 година се оженила за Максимилијан Смасман фон Раполтштајн.

Наводи

Категорија:Војводи од Австрија Категорија:Војводи на Штаерска Категорија:Војводи на Корушка Категорија:Војводи на Крањска Категорија:Грофови на Тирол Категорија:Хабсбурговци