Општините во Македонија — административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.
Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км2, а најмала е Чаир со површина од 3,5 км2.
Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.
Историја
1952 - 1955
Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на 18 околии, потоа на:
главен град - Град Скопје 27 градски општини и 205 (рурални) општини.
1955 - 1957 Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 85 на број. Дел од овие општини го образувале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.
Според ова административно уредување, биле укинати општините: Во Битолската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 14 општини: Бач, Будаково, Буково, Велушина, Доленци, Жван, Ивањевци, Кажани, Кременица, Логоварди, Лопатица, Маково, Старавина, и Смилево Од поранешната Гевгелиска Околија биле укинати 5 општини: Башибос, Дедели, Миравци, Негорци, Удово Од поранешната Гостиварска Околија биле укинати 9 општини: Бањица, Вруток, Дебреше, Никифорово, Србиново, Сенокос, Трница, Чајле, и Чегране Од поранешната Дебарска Околија биле укинати 6 општини: Баланци, Жировница, Косоврасти, Коџаџик, Лазарополе, и Манастирец Од поранешната Кичевска Околија биле укинати 12 општини: Брждани, Другово, Ижиште, Извор, Јагол Доленци, Мало Црско, Модриште, Орланци, Растеш, Раштани, Самоков, и Староец Од поранешната Кочанска Околија биле укинати 8 општини: Блатец, Грљани, Злетово, Зрновци, Нивичани, Оризари, Полаки, и Чешиново Од поранешната Кривопаланечка Околија биле укинати 7 општини: Герман, Градец, Длабочица, Добровница, Жидилово, Огут, и Петралица Во Кумановската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 12 општини: Арбанашко, Бајловце, Бедиње, Думановце, Жегљане, Матејче, Облавце, Павлешенци, Романовце, Слупчане, Страцин, и Шопско Рударе Од поранешната Малешевска Околија биле укинати 4 општини: Владимирово, Драмче, Каменица, и Тработивиште Од поранешната Овчеполска Околија биле укинати 8 општини: Горобинци, Драгоево, Ерџелија, Карбинци, Крупиште, Немањица, Три Чешми, Трооло Во Охридската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 10 општини: Вевчани, Галичица, Драслајца, Дримкол, Издеглавје, Караорман, Лабуништа, Радолишта, Сливово, и Требеништа Од поранешната Преспанска Околија биле укинати 4 општини: Јанковец, Љубојно, Подмочани, и Царев Двор Од поранешната Прилепска Околија биле укинати 12 општини: Бела Црква, Витолиште, Дебреште, Долно Дивјаци, Дуње, Дупјачани, Канатларци, Костинци, Мало Коњари, Норово, Старо Лагово, и Тројаци Во Скопската Околија биле укинати 15 општини: Бразда, Буковиќ, Бунарџик, Вучидол, Зелениково, Горно Количани, Јаболци, Катланово, Кучевиште, Љубанци, Рашче, Сарај, Сингелиќ, Средно Коњари, и Цветово Од поранешната Струмичка Околија биле укинати 10 општини: Вељуса, Доброшинци, Ињево, Калаузлија, Костурино, Мокриево, Муртино, Подареш, Попчево, и Турново Во Тетовската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 8 општини: Вратница, Горно Седларце, Групчин, Долно Палчиште, Непроштено, Милетино, Шемшево, и Шипковица Од поранешната Тиквешка Околија биле укинати 7 општини: Бегниште, Долни Дисан, Дреново, Крњево, Мрежичко, Пепелиште, и Росоман Во Титоввелешката Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 7 општини: Војница, Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Згрополци, Иванковци, Раштани, и Теово
Легенда: (Н) значи новооснована општина; со задебелени букви се населените места кои се седишта на општините.