Тракиската гробница во Казанлак () е полукружна гробница од цигла во форма на кошница во близина на градот Казанлак во централна Бугарија. Споменикот датира од крајот на 4 век п.н.е., а од 1979 година се наоѓа на списокот на УНЕСКО за заштита на светското наследство.

Опис Гробницата е дел од поголема тракиска некропола. Се состои од тесен ходник и заоблена просторија за погребување, и двете украсени со мурали кои претставуваат тракиски пар за време на ритуална погребна свеченост.

За да се зачуваат цртежите, гробницата е затворена за јавноста, но изградена е реплика во соодветна димензија во близината.

Жената од муралот се наоѓа на задната страна на бугарската монета во вредност од 50 стотинки, од 2005 година.Bulgarian National Bank . Notes and Coins in Circulation: 50 stotinkas . – Посетено на 26 March 2009.

Гробницата се наоѓа блиску до стариот тракиски главен град Севтополис.

Наводи

Категорија:Светско наследство во Бугарија