Атанас Костовски (Пехчево, 1 август 1938) — македонски новинар и спортски коментатор.
Животопис Роден е во Пехчево на 1 август 1938 година. Завршил гимназија во Кочани во 1956 година. Во периодот од 1960 до 1964 година работел во весникот „Млад борец“, а во периодот од 1964 до 2001 година во спортската редакција на Телевизија Скопје и потоа Македонската радио-телевизија. По пензионирањето во 2001 година, Костовски кратко време има работено како спортски новинар во приватната телевизија Канал 5, а неговиот глас го има позајмувано и при снимање на рекламни спотови.
Во својата кариера, Костовски има коментирано повеќе од 2500 спортски преноси. Тој известувал од осум Олимписки игри, од по 14 светски и европски првенства, пет балкански првенства, Универзијади, Средоземни игри и други настани.
Награди 2023 - награда „13 Ноември“, за општествен придонес во развојот на спортскиот живот на Град Скопје во изминативе 65 години.
Наводи
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски спортски коментатори Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“