Света Петка — македонска православна црква во селото Вирово, сместена во горниот дел на селото.
Архитектура
Градбата на црквата е со четириаголна основа и истата е покриена со ќерамиди. Ѕидовите се обоени со бела боја, а над влезната порта и страничниот прозорец на десната страна се повлечени кафеави лакови, над кои се исцртани кафеави крстови. Непосредно од десната страна на црквата се наоѓа камбанаријата, којашто има примитивен облик и претставува вертикално поставена четириаголна рамка со ѕвоно прикачено на нејзината горна страна.
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Сопотничка парохија Вирово
Надворешни врски
Категорија:Вирово Вирово