Горјан Марковски (роден на во Скопје) — македонски кошаркар. Тој моментално е играч на Куманово 2009. Тој е помлад брат на поранешниот кошаркар Јован Марковски.
Професионална кариера Марковски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2009 година во екипата на Работнички од Скопје.
Во сезоната 2011/12, Марковски кога бил играч на Торус, бил даден на позајмица на второлигашот Ангели.
Во јули 2016 година, Горјан потпишал двегодишен договор со Фени Индустри.Горјан Марковски го избра Фени индустри ekipa.mk 13 јули 2016Марковски две години во Фени Индустри sportmedia.mk 13 јули 2016 За сезоната 2017/18, тој ја продолжил соработката во Фени. На крајот на јануари 2018 година, Марковски ги скинал лигаментите на десното колено со што го пропуштил остатокот на сезоната. Следната сезона, Марковски останал да биде играч на Фени Индустри. Во август 2019 година, Горјан Марковски потпишал за Куманово 2009. За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Куманово.
Успеси Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2008/2009 МЗТ Аеродром Прва македонска лига (4) : 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16 Куп на Македонија (3) : 2013, 2014, 2016 Суперкуп на Македонија (1) : 2015
Признанија Најдобар млад кошаркар за 2010 година Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Горјан Марковски на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје