Натпреварите во бокс на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 6-21 август во Павилјон 6 во Риоцентро.

Структура на натпреварување На 23 март 2013, Меѓународната аматерска боксерска асоцијација (АИБА) вовеле значајни промени во структурата на натпреварување. Светската серија во бокс, којашто започнала да се одржува како професионално екипно натпреварвање во 2010 година, им овозможила на членовите на екипите да ја задржат подобноста за настап на игрите во 2012 година. Новиот професионален боксерски турнир на АИБА, којшто го сочинуваат професионалци кои имаат склучено петгодишен договор со АИБА и се натпреваруваат со професионална карта, исто така претставува можност за натпреварувачите кои станале професионалци да ја задржат подобноста за настап на олимписките игри и да останат приврзани кон нивните национални комитети. Укинувањето на заштитни маски и системот на бодување за задолжително освојување на 10 бодови дополнително ја усогласуваат структурата на натпреварување на аматерскиот со професионалниот бокс.

Слично како и во 2012, мажите се натпреваруваат во следните десет категории: мува (до 49 кг); суперлесна (до 52 кг); бантам (до 56 кг); лесна (до 60 кг); лесна велтер (до 64 кг); велтер (до 69 кг); средна (до 75 кг); лесно-тешка (до 81 кг); тешка (до 91 кг); и супертешка (над 91 кг).

Што се однесува до натпреварите во женска конкуренција, тие се подобри за натпревар во следните три категории: суперлесна (до 51 кг); лесна (до 60 кг); и средна (до 75 кг).

Квалификациски критериуми Секој национален олимписки комитет може да обезбеди учество на по еден натпреварувач во секоја категорија. Шест места (пет во машка и едно во женска конкуренција) се обезбедени за земјата-домаќин Бразил, додека преостанатите места се распоредуваат преку тројна комисија. Поради тоа што за првпат е дозволено учество на професионални боксери, обезбедени се и распределени вкупно 37 места: од нив 20 места се обезбедени преку Професионалната боксерска серија на АИБА, со по две во секоја категорија; а преостанатите 17 места преку Светската боксерска серија. Секој континент има обезбедено места преку два аматерски и полупрофесионални турнири.

Квалификацискит натпревари беа следните: Светска боксерска серија 2014-15 – двајцата најдобро рангирани боксери на крајот на сезоната 2014-15 во секоја категорија (освен мува, тешка и супертешка, каде што се гледа најдобриот). Светското рангирање на АИБА за 2014-15 – првакот и најдобро рангираниот предизвикувач во секоја категорија на светското рангирање на крајот од првиот круг во септември 2015. Светско аматерско првенство во бокс 2015 во Доха од 5-18 октомври – најдобро пласираните тројца боксери во пет категории (бантам, лесна, лесна велтер, велтер и средна), освојувачите на златен и сребрен медал во три категории (мува, суперлесна и лесно-тешка) и прваците во две категории (тешка и супертешка). Светско аматерско првенство во бокс за жени во Астана – најдобро пласираните четири боксерки во секоја категорија. Олимписки квалификациски турнир на АПБ и ВСБ 2016 – најдобро пласираните тројца од преостанатите боксери во осум категории и прваците во двете најтешки категории. Олимписки квалификациски турнир на АИБА 2016. Континентални олимписки квалификации на АИБА 2016 (мажи и жени.

Распоред Натпреварите ќе бидат распоредени во два дела во поголем број од натпреварувачките денови од олимписката програма: утрински дел (У), кој ќе започнува во 11:00 (UTC−03:00), и вечерен дел (В), кој ќе започнува во 17:00 (UTC−03:00). Понувајќи од 17 август, натпреварувачките денови ќе содржат само еден дел, кој ќе започнува во 14:00 (UTC−03:00). ППрелиминарен дел¼Четвртфинале½ПолуфиналеФФинале Датум → 6 август 7 август 8 август 9 август 10 август 11 август 12 август 13 август 14 август 15 август 16 август 17 август 18 август 19 август 20 август 21 август Натпревар ↓ У В У В У В У В У В У В У В У В У В У В У В У У У У У мува за мажи П П ¼ ½ Ф суперлесна категорија за мажи П П ¼ ½ Ф бантам за мажи П П П ¼ ½ Ф лесна категорија за мажи П П П ¼ ½ Ф лесна велтер за мажи П П П ¼ ½ Ф велтер за мажи П П П ¼ ½ Ф средна категорија за мажи П П П П ½ Ф лесно-тешка категорија за мажи П П П П ¼ ½ Ф тешка категорија за мажи П П ¼ ½ Ф супертешка категорија за мажи П П ¼ ½ Ф суперлесна категорија за жени П ¼ ½ Ф лесна категорија за жени П ¼ ½ Ф средна категорија за жени P ¼ ½ F

Учесници

Освојувачи на медали Мажи МуваСуперлеснаБантамЛеснаЛесна велтерВелтерСреднаЛесно-тешкаТешкаСупертешка

Жени СуперлеснаЛеснаСредна

Список по земји

Наводи

Надворешни врски NBC Olympics

Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2016 2016