Запод или Запот () — село и седиште на поранешната истоимена општина во Областа Кукуш, североисточна Албанија, во географската област Гора. Со реформата за самоуправа од 2015 година, Запод припаднал во Општина Кукуш. Населението брои 2 217 жители Горанци, од кои според пописот од 2011 г. 79 % се изјасниле како Албанци, а 12 % како Македонци. Меѓутоа, со оглед на тоа дека пописот не дозволуваше изјаснување на етничка припадност различна од онаа напишана во изводите за раѓање, се претпоставува дека бројката на Македонци е многу поголема.

Наводи

Категорија:Гора Категорија:Кукуш (општина во Албанија) Категорија:Села во Албанија