Скопје '63 (српскохрватски: Skoplje '63) — југословенски црно-бел документарен филм од 1964 година, режиран од Вељко Булајиќ за Скопскиот земјотрес од 1963 година. Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1964 година, но не влегол во главната конкуренција. Филмот исто така бил избран за југословенски кандидат за Оскар за најдобар странски филм на 37. доделување на Оскарите, но не добил номинација.Margaret Herrick Library, Academy of Motion Picture Arts and Sciences Филмот освоил бројни награди на неколку филмски фестивали, како: „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, „Златна нимфа“ на фестивалот во Монте Карло, „Златен клас“ на фестивалот во Ваљадолид, наградата на филмската критика на Канскиот фестивал, наградата на градот Загреб, признанието на градот Скопје итн.Skopje 63, dokumentarni film (пристапено на 19.5.2024)

Снимањето на филмот започнало три дена по катастрофалниот земјотрес и траело четири месеци. Потоа, Булајиќ потрошил дванаесет месеци на монтирање во студиата на Јадран филм. Во филмот се прикажуваат последиците од земјотресот кој го погодил Скопје, главниот град на тогашна СР Македонија, како и акциите на спасување и хуманитарната помош која во Скопје стигнала од другите краеви на Југославија и од бројни земји од светот.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Југословенски документарни филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Јадран филм Категорија:Филмови на Вељко Булајиќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Скопје Категорија:Филмови снимени во Скопје