Жан-Пјер Папен (), (, ) – поранешен француски фудбалер и тренер.
Клупска кариера Најголемите успеси ги постигнал играјќи за францускиот клуб Олимпик Марсеј од 1986 до 1992 година, со кој освоил едноподруго 4 француски првенства од 1989 до 1992 година, стигнал и до финалето на Купот на шампионите во 1991 година кое го изгубил од Црвена ѕвезда. Бил најдобар стрелец на француската лига 5 пати едноподруго од 1988 до 1992 година, што никој друг не го постигнал. Прогласен е за најдобар француски фудбалер во 1989 и 1991 година. Три години по ред бил најдобар стрелец на Купот на шампионите (во 1990, 1991 и 1992 година).
Подоцна играл за италијанскиот Милан и германскиот Бајерн и француските клубови Бордо и Генган, како и неколку нискорангирани клубови. Неговиот трансфер во Милан бил најголемиот дотогаш, изнесувал 10 милиони фунти. Со Милан ги освоил Лигата на шампиони во 1994 година, италијанското првенство во 1993 и 1994 година и италијанскиот Супер куп во 1992 година. Со Бајерн го освоил Купот на УЕФА во 1996 година.
Кратко време бил тренер на неколку француски клубови, а со 45 години повторно заиграл за нискорангиран француски клуб.
Репрезентативна кариера За француската репрезентација настапил 54 пати и постигнал 30 гола. Бил капитен на репрезентацијата во 1992 и 1993 година.
Награди и признанија Во 2004 година при одбележувањето на стогодишнината на ФИФА, бил на пописот на 100 најдобри фудбалери во историјата на фудбалот што направил Пеле.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Генган Категорија:ФИФА 100 Категорија:Витези на Легијата на честа