Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (МНЛД) официјално е конституирано на 28 октомври 1902 година со 19 потписници (Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Константинович и други). При основањето го носи патронатот на свети Климент Охридски, а од 1903 г. (со „Уставот”) на Кирил и Методиј. Кон крајот на 1905 год. Другарството е неутрализирано, а од 1912 г. се појавува под нови имиња, но не успева да добие официјално признание од руските надлежни власти. Неговата дејност завршува во 1917 г. со Октомвриската револуција во Русија.Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, 1978, 157–163;

Поврзано Таен македонско-одрински кружок во Санкт Петербург „Македонската колонија во Петроград и односот кон Балканските војни и Првата светска војна“ од Блаже Ристовски(2014)

Наводи

Надворешни врски Блаже Ристовски „Одушевено пречекани во сите кругови“ Македонски глас бр. 1 на Комонс. Македонски глас бр. 2 на Комонс. Македонски глас бр. 3 на Комонс.

Категорија:Историја на македонскиот народ Категорија:Свети Климент Охридски