Фредерик Данкан Мајкл Холдејн (; ) — англиски физичар и професор на Принстонскиот универзитет во САД и заслужен гостувачки професор на Институтот за теориска физика „Периметер“. Во 2016 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Џон Костерлиц.

Образование Основното образование го стекнал во училиштето „Сент Полс“, а потоа продолжил на Кембричкиот универзитет.‘HALDANE, Prof. (Frederick) Duncan (Michael)’, Who's Who 2016, A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc, 2016

Работа и заслуги Холдејн е познат по низа важни придонеси за физиката на кондензираната материја, меѓу кои и теоријата за Латинџеровите течности, теоријата за еднодимензионални спинови вериги, теоријата за дробниот квантен Холов ефект, исклучивата статистика, спектри на заплетканост и разни други откритија.

Во поново време работел на геометриски опис на дробниот квантен Холов ефект каде како поим го вовел обликот на „сложениот бозон“, опишан со „едномодуларно“ (определница 1) просторно метричко тензорско поле како фундаментален збирен степен на слобода на состојбите кај дробниот квантен Холов ефект."Geometrical Description of the Fractional Quantum Hall Effect Овој нов опис „Черн-Сајмонсов модел + квантна геометрија“ претставува замена за парадигмата „Черн-Сајмонсов модел + Гинзбург-Ландауова теорема“ околу 1990 г. За разлика од претходната, оваа парадигма дава опис на збирниот режим на дробниот квантен Холов ефект кој е складен со Гервин-Мекдоналд-Плацмановата еднорежимска апроксимација."Hall viscosity" and intrinsic metric of incompressible fractional Hall fluids

Награди и почести Холдејн е носител на низа награди и почести како членство во Кралското друштво во Лондон, Американската академија на уметностите и науките во Бостон, Американското физичко друштво, Институтот за физика (Лондон) и Американското здружение за унапредување на науката; добитник на Ваклиевата наградата „Оливер Е. Бакли“ на Американското физичко друштво (1993); истражувачки соработник на задолжбината „Алфред П. Слоун“ (1984–88); Лоренцовски професор (2008), добитник на Дираковиот медал (2012) и Нобеловата награда за физика (2016).

Наводи

Категорија:Американски физичари Категорија:Англиски физичари Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американското физичко друштво Категорија:Членови на Американското здружение за унапредување на науката Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Англиски нобеловци Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Британски нобеловци