Тарту (јужноестонски: Тарто) е втор најголем град во Естонија, по главниот град Талин.
Тарту често се смета за интелектуален центар во државата,Tartu – the intellectual centre of Estonia estlandia.deJonathan Bousfield The Rough Guide to Estonia, Latvia & Lithuania. Rough Guides UK. Page 126Sergey Chernov. Tartu: Estonia's Intellectual and Theater Capital The Moscow Times, Dec. 24 2012 посебно бидејќи во градот се наоѓа најстариот и најпрочуен универзитет во државата, Универзитетот Тарту. Во градот исто така се наоѓаат Врховниот суд на Естонија, Министерството за образование и истражување и естонскиот народен музеј. Во градот се одржува познатиот естонски музички фестивал.
Сместен 186 километри југоисточно од Талин и 245 километри североисточно од Рига, Тарту лежи на реката Емајиги ("река мајка"), која ги поврзува двете најголеми езера во Естонија. Во градот исто така се наоѓа вториот најголем аеродром во државата, аеродромот Тарту.
Историски имиња Од 1918 година е во употреба естонското име Тарту, но поради тоа што градот бил под контрола од различни владетели низ својата историја, постојат разни имиња на различни јазици. Најголемиот дел од нив потекнуваат од најраната докажана форма, естонскиот Тарбату. На германски, шведски и полски јазик градот бил познат и понекогаш сè уште именуван како Дорпат. На руски јазик, градот бил познат како Јуријев и како Дерпт. Слично, градот е познат како Тербата во латвијскиот јазик. Говорниците на финскиот јазик го користат топонимот Тартто.
Историја на градот Почетоци
Археолошки докази за првите трајни населби на местото на сегашниот Тарту датираат од раниот 5. век од нашата ера. До 7. век, месните жители изградиле дрвени објекти на источната страна на ридот Тооме (Toomemägi).
Првиот документиран запис од областа бил направен во 1030 година од хроничари од Киевска Русија. Јарослав I Мудриот, кнез на Киев, го освоил регионот таа година, изградил своја тврдина и го именувал Јуријев. Киевските владетели потоа собирале данок од околната древна област Уганди, веројатно до 1061 година, кога, според хрониките, Јуријев бил запален од племето Чуди. Киевскиот Рус повторно го контролирал Тарту од 1133 година непознат временски период, веројатно до 1176/1177 година. Во 12. век Тарту бил најзначајна словенска населба во територијата Чуд.
Естонскиот историчар аматер Ен Хаабсаар шпекулира дека "Јуријев" споменат во овој контекст е всушност Бела Црква, град кој исто така бил основан од Јарослав I Мудриот во истиот период, 1032 година.
Средновековна епископија
За време на периодот на Северните крстоносни војни на почетокот на 13. век, тврдината Тарбату (или Тарбата, Тарту) била освоена од Ливонијското братство на мечеви — уште познато како Браќата на мечот — и повторно освоена од естонци во неколку прилики. Во 1224 година, откако Уганди ја признала врховната власт на кнезовите на Новгород и Псков кои испратиле дополнителни сили предводени од принцот Вјачко од Кукеноис на тврдината, таа била под опсада и освоена за последен пат од германските крстоносци.Anti Selart, Ivar Leimus, Linda Kaljundi, Heiki Valk. Ristiretked ja vallutussõjad 13. sajandi Liivimaal, in "Eesti ajalugu II. Eesti keskaeg." Editor Anti Selart. Tartu 2012. Pp. 52—53 Подоцна, познат како Дорпат (латински: Тарбатум), Тарту станал трговски центар од големо значење за време на Средниот век и главен град на полунезависната Дорпатска епископија.
Во 1262 година војската на принцот Дмитриј Александрович, син на Александар Невски започнала напад на Дорпат, заробувајќи го и уништувајќи го градот. Неговите воени сили не успеале да ја освојат тврдината на епископот на ридот Тооме. Настанот бил евидентиран во германските и староруски хроники, кои исто така го даваат првиот запис на населба на германски трговци и занаетчии кои произлегле заедно со тврдината на епископот.
Во средновековните времиња, откако Ливонијскиот ред бил вклучен во Тевтонски ред во 1236 година, градот станал важен тровски центар. Во 1280. години Дорпат се приклучил на Ханза. Како во цели Естонија и Латвија, најголемиот дел благородници кои говореле германски јазик, но во Тарту/Дорпат (како и Талин) уште повеќе, балтичко германската буржоазија, литератите, ја доминирале културата, религијата, архитектурата, образованието, и политиката сè до крајот на 19. век. На примeр, објектот на градското собрание во Дорпат бил дизајниран од архитект од Росток во Мекленбург, додека универзитетските објекти биле дизајнирани од Јохан Вилхелм Краузе, исто така германец. Многу, ако не и сите, од студентите, и повеќе од 90 проценти од членовите на факултетите биле од германско потекло, и бројни статуи на познати ученици со германски имиња можат да се најдат во Тарту денес. Повеќето Германци го напуштиле градот на почетокот на 20. век, главно поради Heim ins Reich програмата на нацистите, по Пактот Рибентроп-Молотов во 1939 година.
Полско и Шведско владеење Во 1558 година силите на Големото московско кнежевство предводени од царот Иван Грозни го окупирале регионот во она што стана познато како Ливонска војна. Дорпат бил заробен без борба и локалниот епископ бил затворен во Москва, со што завршил периодот на локална самоуправа. Како ефект на мирововниот договор Јам-Запољском од 1582 година, градот заедно со јужните региони од Ливониската конфедерација станале дел од Полско-литванската Државна Заедница. Во 1598 година градот станал главен град на Дорпатското војводство во склоп на Ливониското војводство. Во 1583 година, во градот било отворено исусовско училиште за граматика „Gymnasium Dorpatense“. Освен тоа, во градот бил организиран семинар за преведувачи и градот добил црвено-бело знаме од полскиот крал Стефан Батори.
Активностите за граматичкото училиште и семинарот биле прекинати поради Полско-шведската војна. Веќе кон крајот на 1600 година воените сили на Карл IX Шведски го опседнале градот. И покрај повторливите напади, швеѓаните не можеле да влезат во градот. Конечно во 1601 година, капетанот Херман Врангел ја сменил страната, го нападнал кастеланот и ги отворил портите за шведските воени сили. Градот бил повторно заземен од Полска на 13 април 1603 година по кратка опсада предводена од хетман Јан Карол Ходкевич; околу 1000 шведски војници се предале и биле пренесени во Талин.
Во ефект на уште една Полско-шведската војна, во 1625 година Тарту бил повторно освоен од Шведска, овојпат успешно. Во ефект на Алтмаркскиот мировен договор од 1629 година, градот станал дел од териториите на Шведска, со што се основал Универзитетот Тарту во 1632 година од кралот Густаф II Адолф Шведски.
Империска Русија
Со Ништадскиот мировен договор од 1721 година, градот станал дел од Руската Империја и бил познат како Дерпт. Пожари во 18. век уништиле многу од средновековната архитектура, а големиот пожар од 1775 година ги уништил поголемиот дел од градбите во центарот на градот. Градот бил повторно изграден во доцен барок и неокласичен стил вклучувајќи го објектот на градското собрание кој бил изграден помеѓу 1782 и 1789 година.The Town Hall of Tartu, tartu.ee, retrieved 27 December 2013
За време на втората половина на 19. век, Тарту бил културен центар за естонците во ерата на романтичниот национализам. Во градот бил одржан првиот музички фестивал во 1869 година. Театарот Ванемуине, првиот народен театар, бил основан во 1870 година. Тарту било местото каде што било основано Друштвото на естонски писатели во 1872 година.
Железничка станица била отворена во 1876 година кога била изградена рутата Тапа–Тарту. Објектот бил отворен во 1877 година.
Во 1893 година, градот бил преименуван во древното руско име Јуријев. Универзитетот подоцна бил русифициран од 1895 година и бил воведен задолжителен руски јазик во учењето. Голем дел од имотот на универзитетот бил преселен во Вороњеж во 1918 година и за време на германската окупација универизитетот работел под името Универзитет Дорпат. За време на естонската војна за независност, универзитетот бил повторно отворен како универзитет на естонски јазик на 1 декември 1919 година.
Прв период на независност Со естонската независност по Првата светска војна, градот официјално го добил името Тарту. На крајот на естонската војна за независност, мировен договор помеѓу Болшевиците и Естонија бил потпишан на 2 февруари 1920 година во Тарту (Тартскиот договор). Договорот значел дека Советска Русија се откажала од територијални претензии кон Естонија "засекогаш". Сепак, како резултат на Пактот Рибентроп-Молотов од 1939 година, Советскиот Сојуз ја окупирал Естонија и Тарту во 1940 година.
Мировен договор помеѓу Советска Русија и Финска бил исто така потпишан во Тарту во 1920 година,
Советски период За време на втората светска војна, голем дел од градот како и историскиот камени мост Kivisild (изграден од Катерина II во 1776–1778) преку реката Емајиги биле уништени од германската војска, делумно во 1941 година и речиси целосно во 1944 година. Веќе силно оштетениот Тарту бил бомбардиран од советските сили на 27 јануари 1943, 26 февруари 1944, 7–8 март 1944, и 25–26 март 1944. По крајот на војната, голем дел од историските градби биле претворени во рушевини. Дури и помалку оштетените градби во целиот град биле урнати по наредба на окупаторските власти и големи делови од земјата биле претворени во јавни паркови.
По војната, Тарту бил прогласен за "затворен град" за странци, и воена воздушна база била изградена на аеродромот Раади, на североисточните предградија на градот. Тоа било една од најголемите воени воздушни бази во Источна Европа и тука биле сместени меѓународни воени авиони, кои носеле јадрени бомби. На асфалтната патека сега е сметен голем пазар на користени автомобили, и понекогаш се користи за автомобилски трки.
Аеродромот Тарту бил отворен на јужната страна од градот во 1946 година. Покрај аеродромот, естонската воздухопловна акдемија била основана во 1993 година и естонскиот воздухопловен музеј бил отворен за јавноста во 2002 година.
За време на советскиот период, бројот на население во Тарту речиси се зголемил двојно од 57,000 на 100,000 жители, делумно поради масовната имиграција од други области од Советскиот Сојуз.
Модерен период Откако Естонија ја повратила својата независност во 1991 година, центарот во стариот град бил реновиран. Посебно, Црквата „Свети Јован“, која била во рушевини од втората светска војна била обновена
Голем број на комерцијални и бизнис објекти биле издигнати (трговскиот центар Тарту, Таску, комерцијалниот центар Емајие, Лунакескус, Квартал итн.). Највисоката станбена зграда и локална знаменитост Тигуторн била отворена во 2008 година
Научниот центар АХХАА бил преместен во нов објект во 2011 година и нов главен објект на естонскиот народен музеј бил отворен во 2016 година.
Клима Тарту лежи во рамките на умерено-континентална климатска зона. Климата е прилично блага земајќи ја во превид високата географска широчина, главно поради близината на Балтичкото Море и топлите струи од Атлантикот. Сепак, континенталното влијание може да се почувствува во топлите летни денови и студените зимски периоди, кога температурите можат повремено (но ретко) да се спуштат под −30 °C (−22 °F). Општо гледано, летата се студени и топли и зимите се студени.
Политика Советот на градот Тарту се состои од 49 членови, кои се избираат од жителите на секои четири години со користење на пропорционален систем на застапување.
Извршната власт во градот се состои од градоначалник и негови пет заменици. Актуелен градоначалник е Урмас Клаас. Андрус Ансип, Премиер на Естонија од 2005 до 2014 година, бил градоначалник на Тарту од 1998 до 2004 година. На оваа позиција потоа се нашле и други политичари кои биле министри во естонската влада, Лаине Јенес и Урмас Крусе. Сите тие се членови на естонската реформска партија, која доминира во Тарту од 1998 година.
Население
Етничкигрупи Статистика за 2016 г. Број %Естонци75,00080.1%Руси13,65114.6%Украинци9671.0%Финци8861.0%Белоруси3440.4%Германци2870.3%Латвијци1830.2%Полјаци1260.1%Литванци1140.1%Други/Непознато2,1292.3% Вкупно93,687100%
Населби