Пјекари Шлонске () — град кој се наоѓа во Полска, во Шлеското Војводство, со население од 59.061 жители според податоци од 2008 година.Powierzchnia i ludność w przekroju terytorialnym w 2008 - Central Statistical Office in Poland ISSN 1505-5507 , 13.08.2008, додека со околината областа има 5,294,000 жители.European Spatial Planning Observation Network (ESPON) . Пиекари Слонскје е седиште на истоимениот регион.
Историја
Градот бил основан во 1934 година. Населбата постоела од 12 век, кога во периодот од 1303 и 1318 година била изградена првата црква и однована независна парохија. Во текот на 15 век во градот се развила рударската индустрија, каде биле ископувани олово и цинк. До 14 век градот бил управуван од германските сили, но по 1683 година започнале неколку востанија.
Во текот на 18 век започнала колонизација н германизација на населението, по кое градот се зголемил по површина и население.
Географија
Пиекари Слонскје се наоѓа во јужниот дел на Полска, во близина на Катовице во историската област Горна Шлеска. Покрај градот поминува реката Бриница, која е притока на Висла.
Административна поделба Козлова Гора Центрум Шарлеј Бжозовице Камен Бжежини Шлонске Велка Домбровка
Население
Според податоци од Полската Централна статистичка служба од 1 јануари 2014 година, населението на градот изнесува 57.148 лица. Густината е 1.429 лица на километар квадратен.
Демографија
1905 - 8 094 1941 - 24 500 1950 - 22 944 1960 - 32 226 1970 - 36 400 1980 - 64 321 1990 - 68 502 2000 - 61 590 2009 - 58 675
Наводи
Категорија:Градови во Шлеското Војводство Категорија:Градски окрузи во Полска