Јон Ола Санд (роден на 21 декември 1961) е норвешки телевизиски извршен директор, кој работи за Норвешката радиодифузна корпорација (НРК).

Од 2010 година е познат како главен извршен супервизор на Изборот за песна на Евровизија, најстариот меѓународен музички фестивал во светот, а од 2016 година е супервизор, исто така, и на Детскиот избор за песна на Евровизија.

Евровизија Во 2010, Санд бил назначен за извршен продуцент на 55-тото издание на Евровизија, кое се одржало во Осло, во организација на НРК, и бил одговорен за организирацијата на настанот по победата (во 2009) со белорусинот (натурализиран норвежанец) Александар Рибак.

Подоцна, на 26 ноември 2010 година, Санд бил назначен за извршен супервизор на Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) а со тоа и на Натпреварот за песна на Евровизија, откако Сванте Стокселиус поднесол оставка од функцијата.

Така тој го направил своето деби како извршен супервизор на Евровизија во Диселдорф во 2011 година.

Во 2016 година тој бил назначен за извршен супервизор на Детскиот избор за песна на Евровизија, по отпуштањето на Владислав Јаковлев.

Наводи

Поврзано Евровизија Детски избор за песна на Евровизија

Категорија:Луѓе од Женева Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1961 година