Клуж-Напока () или Коложвар () — втор најнаселен град во Романија по престолнината Букурешт и седиште на истоимениот округ кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата. Географски, градот е приближно еднакво оддалечен од Букурешт (324 километри), Будимпешта (351 километри) и Белград (322 километри). Клуж-Напока се наоѓа по долината на реката Сомешул и се смета за неофицијална престолнина на историската провинција Трансилванија. Од 1790 до 1848 и 1861 — 1867 година, градот бил престолнина на Големото Кнежевство Трансилванија. Други имиња за градот се: германски: Klausenburg; унгарски: Kolozsvár; средновековен латински: Castrum Clus, Claudiopolis; и јидиш: קלויזנבורג, Kloiznburg.

Според податоци од 2011 година, во градот живеат 324.576 жители, што претставува мало зголемување од бројката забележана во пописот од 2002 година. Градското подрачје Клуж-Напока има население од 411.379 жители, додека населението од областа надминува 420.000 жители. Новата митрополитска влада на градот започнала со работа во декември 2008 година. Според проценката од 2007 година од страна на окружниот регистар на население, градот е домаќин на околу 20.000 студенти секоја година во текот од 2004-2007.. Градот се шири надвор од црквата Свети Михаил, изградена во 14 век и посветена на Архангел Михаил, кој е заштитник на градот. Границата на општината има површина од 179,52 км2.

Клуж-Напока доживеал голем пад во текот на 1990-тите години поради политиките на градоначалникот во тоа време, но денес градот е еден од најважните академски, културни, индустриски и трговски центри во Романија. Меѓу другите институции, градот е домаќин на најголемиот универзитет во земјата, Бабеш Болјаи, со неговата позната ботаничка градина, национално признати културни институции како и на најголемата романска комерцијална банка. Во 2015 година, Клуж-Напока бил избран за Европска престолнина на младите.

Потекло на поимот

На местото каде денеска се наоѓа градот постоела предримска населба наречена Напока. По Римското освојување на областа во 106 година, местото било познат како Municipium Aelium Hadrianum Napoca. Се смета дека градот своето име Напока го добил од некои дакиски племиња како Напарис. Првиот пишан документ за денешното име на градот датира од 1213 година во рамките на латинското име Каструм Клуж (Castrum Clus). Унгарската форма на градот, Kulusuar, за првпат била евидентирана во 1246 година, додека саксонското име Clusenburg се појавило во 1348, на јидиш е познат како Klazin. Прекарот на градот „Богат град“ бил додаден уште од 16 век а се однесува на богатството собрано од страна на жителите, во трговијатата на скапоцени метали.

Историја

Античка историја

Првото документарно споменување на територијата на денешниот град Клуж било направено од географот Клавдиј Птоломеј, кој забележил дека овде се наоѓала една од најзначајните населби во Римска Дакија, кое се викала НапукаLazarovici et. al. 1997, pp. 202–3 (6.2 Cluj in the Old and Ancient Epochs). Откако Дакија била освоена од римскиот цар Трајан во перидот од 101 до 106 година, населбата Напока на романизираните Дакијци станала легионерски камп, а потоа се развил како важен трговски премин кој се претворил со текот на времето во мал град. Во времето на царот Адријан (117-138) Напока ги добила привилегиите на град и името било променето во Municipium Aelium Hadrianum Napoca.

Најверојатно во времето на царот Марко Аурелиј на ова место била изградена римска колонија и градот во тоа време се викал Колонија Аурелија НапокаLazarovici et al. 1997, p. 17 (2.7 Napoca romană). Во 3 век Напока за неколку години била престолнина на римска провинција и седиште на прокуратор.

По повлекувањето на римската администрација од Дакија во 274 година, градот започнал постепено да опаѓа. Неговото име се споменило дури во 1167 година.Brubaker et al. 2006, p.89

Среден век

На почетокот на средниот век, две групи на згради постоеле во околината на градот, и тоа една дрвена тврдина која се викала Клуж-Манастир и населба во денешниот центар на градотLazarovici et al. 1997, p.32 (3.1 De la Napoca romană la Clujul medieval)Alicu 2003, p.9. Иако точниот датум на освојувањето на Трансилванија од страна на Унгарците не се знае, најраните унгарски артефакти кои биле пронајдени во регионот датираат од првата половина на 10 век. Во секој случај, градот станал дел од Кралство Унгарија. Кралот Стефан I тврдината ја претворил во седиште на округот и кралот Ладислав I основал опатијата која пак била разрушена за време на татарската инвазијата во 1241 и 1285 година. Тврдината и селото биле изградени во северозападниот дел на античка Напока не подоцна од крајот на 12 век. Оваа нова селото било населено од големи групи на Трансилвански СаксонциLazarovici et al. 1997, p. 204 (6.3 Medieval Cluj), охрабрени за време на владеењето на принцот Стефан, војводата од Трансилванија, на брегот на реката Мал Сомеш.

Првиот најсигурно споменување на населбата датира од 1275 година, во еден документ на кралот Ладислав IV, кога селото било вклучено во трансилванската епископија. На 19 август 1316 година, за време на владеењето на новиот крал Карло Роберт, на градот Клуж му бил доделен статус на град (латински: civitas), како награда за придонесите на Саксонците во војната против војводата Ладислав Кан

Многу занаетчиски еснафи биле основани во втората половина на 13 век, и во текот на овој период населението на градот започнало да расте, заедно со неговото проширувањеBrubaker et al. 2006, pp.89–90. Унгарскиот крал Сигизмунд дал на тврдината во 1405 година статус на слободен градLazarovici et al. 1997, p.38 (3.1 De la Napoca romană la Clujul medieval). Улогата на занаетчиите во градот дополнително започнала да се зголемува, бидејќи тие ја имале поддршката на владетелите, меѓу кои и Матија Корвин - крал на Унгарија меѓу 1458 и 1495 година, кој е роден во Клуж. Тој на градот му дал дури 41 привилегја преку кое градот бил издигнат над околните населбиBrubaker et al. 2006, pp. 90–1.

Во 1541 година градот станал дел од Источното Унгарско Кралство, подоцна познато како Кнежевство Трансилванија, во времето кога Османлиите го окупирале централниот дел на Кралството Унгарија.. Иако Алба Јулија служел како политички центар за началниците на Трансилванија, Клуж ја имал поддршката на принцовите во поголема мера, а со тоа градот создавал врски со најважните центри на Источна Европа во тоа време, заедно со Кошице (Kassa), Краков, Прага и Виена.

16 до 18 век

Во однос на религијата, протестантските идеи за првпат се појавиле во средината на 16 век. Во времето на проповедникот Гаспар Хелтај Лутеранството добило поголема важност, како и швајцарската доктрината на КалвинизмотLazarovici et al. 1997, p. 205 (6.3 Medieval Cluj). До 1571, Торда започнало да се развива порадикалното движење на Ференц Давид, унитаријанство, кое се одликувало со слободно толкување на Библијата и одбивање на догмата на Светото Тројство.. Стефан Батори основал католичка академија во градот, со цел да се промовира движење против реформите, но неговите напори не довеле до успех. Во период од една година, во 1600-1601, Клуж станал дел од сојуз со Михаил Храбриот.. Според договорот од Карловци во 1699 година, градот бил вклучен во територијата на Хабсбуршката Монархија

left|Карта на градот (1769–1773)|300px|thumb

Во 17 век, во градот се случиле неколку големи несреќи. Градот страдал од епидемија на чума и бил погоден од неколку катастрофални пожари.. Кон крајот на овој век градот целосно се ослободил од турска окупација но и покрај тоа градот бил лишен од своето некогашно богатство, слава и политичко значење. Градот постепено ја повратил својата важна позиција во Трансилванија како седиште на гувернерство (провинција) во периодот помеѓу 1719 и 1732 година и повторно од 1790 до револуцијата од 1848 година, кога седиштето било префрлено во Херманштат, денешен Сибиу.Lazarovici et al. 1997, pp.42,44,68 (3.1 De la Napoca romană la Clujul medieval; 4.1 Centru al mișcării naționale) Во 1791 година, група на романски интелектуалци изготвиле петиција, позната како Supplex Libellus Valachorum, која била испратена до царот во Виена. Во петицијата било побарано еднаквост на романската нација во Трансилванија во однос на другите народи (Саксонци, Унгарци итн.), но таа била отфрлена.

19 век

Со почеток во 1830 година, градот станал центар на унгарското национално движење во рамките на кнежевствотоLazarovici et al. 1997, p.206 (6.4 Cluj in Modern Times). Ова еруптирало со револуцијата од 1848 година. Во еден момент, Австријците ја добиле контролата над Трансилванија, но унгарската војска, предводена од страна на полскиот генерал Јозеф Бем, започнала офанзива во Трансилванија и градот повторно бил псвпен до Божиќ истата година. По крајот на револуцијата започнал апсолутистички режим, проследен со либерален режим кој дошол на власт во 1860 година. Во текот на овој период, владата доделила еднакви права на етничките Романци, но тоа траело многу кратко. Во 1872 година во градот бил основан универзитет, чија цел била промовирање на идеите за интегрирање на Трансилванија во Унгарија.Brubaker et al. 2006, p.92. Пред 1918 година, во градот постоеле две црковни училишта на романски јазик. Првите печатени книги на романски јазик се појавиле во 1903 годинаBrubaker et al. 2006, p.91.

По Австроунгарскиот договор од 1867 година, Класенбург и сите територии на Трансилванија повторно биле интегрирани во Кралство Унгарија. Во тоа време, граот бил еден од најголемите и најзначајни градови на царството и бил седиште на округ. Романците во Трансилванија во текот на следниот период претрпеле угнетување и прогонство.Lazarovici et al. 1997, pp.74–5 (6.4 Centru al mișcării naționale). Нивните поплаки нашле израз во Трансилванскиот Меморандумот, петиција испратена во 1892 година од страна на политичките водачи од Романците во Трансилванија до австроунгарскиот цар Франц Јосиф. Тие побарале еднакви права со Унгарците и побарле да се стави крај на прогонувањето и обидите за унгаризација на романскиот народ.. Царот испратил меморандум во Будимпешта, унгарскиот главен град. Водачите на меморандумот, меѓу кој биле и Јоан Ратиу и Јулиу Коројану, биле уапсени и осудени на затворска казна за велепредавство во Клуж во мај 1894 година. Во текот на судењето, околу 20.000 луѓе кои биле дојдени во Клуж, демонстрирале на улиците на градот во знак на поддршка на обвинетите. Една година подоцна, кралот им дал помилување по совет на неговиот унгарски премиер, Dezső Bánffy. Во 1897 година, унгарската влада одлучила дека само унгарските имиња на населените места треба да се користат и биле забранети употребата на германски или романски верзии на името на градот на официјални владини документи. thumb|200px|left|Поштенска марка од 1915 година

20 век

Во есента на 1918 година, кон крајот на Првата светска војна, Клуж станал центар на револуционерната дејност, на чело со Амос Франку. На 28 октомври 1918 година, поднел барање за создавање на Сојуз на сите Романци.Lazarovici et. al. 1997, p. 207 (6.4 Cluj in Modern Times). 39 пратеници биле избрани од Клуж да присуствуваат на прогласувањето на Сојузот на Трансилванија со Кралството Романија во Алба Јулија на 1 декември 1918 година. Овој сојуз подоцна бил признат од страна на Тријанонскиот договорErnest A. Rockwell: Trianon Politics, 1994–1995, thesis, Central Missouri State University, 1995 . Во периодот меѓу двете светски војни започнал процес на романизација од страна на новите власти. Така, во 1921 година од страна на Рим била донирана статуа на Капитолската волчица, во 1932 година била поставена статуа на Матијаш Корвин, каде било нагласено неговото романско потекло. Освен тоа започнала изградба на голема православна катедралаBrubaker et al. 2006, pp. 100–1, и покрај тоа што една десетина од населението биле православни христијани. И покрај овие обиди, во 1939 година Унгарците сè уште доминирале во градот во културен и економски план. На пример, во Клуж имало пет унгарски дневни весници додека на романски јазик имало само еден.