Сен Дизје ( – француска општина во департманот Горна Марна на североисток на Франција.

Градот брои 31 000 жители според пописот од 2003 година и е потпрефектура на департманот. Иако Сен Дизје е најголемо место во Горна Марна според бројот на жители, префектурата е во помалата општина Шомон.

Потекло на поимот Сен Дизје името го добил по непознат светец, можно од Дезидериус од Фонтенел.

Географија Градот се наоѓа на околу 190 км источно од Париз, на пол пат до Стразбур. Во негова близина, на 8 км, се наоѓа најголемото вештачко езеро во Западна Европа, езерото Дер Шантекок.

Клима

Историја Градот настанал како утврдена населба околу замок од тринаесеттиот век и станува кралска тврдина за да го штити француското кралство од напади од исток. Во летото 1544 година, градот бил опсаден и освоен од Карло V, кралот на Светото Римско Царство. Во 1775 година две третини од центарот на градот биле уништени од пожар. До Француската револуција, замокот бил сопственост на Орлеанската династија. Во Втора светска војнаВтората светска војна, замокот им служел како штаб на германските трупи, а денес во него е сместен општинскиот музеј.

Наводи INSEE commune file

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Сен Дизје Горна Марна туризам: Сен Дизје

Категорија:Општини во Горна Марна Категорија:Градови во Франција Категорија:Франција Категорија:Потпрефектури во Франција