Викентиј Паулски наречен и Винко Паулски (1581, Аквитанија – 1660, Париз) е католички светец. Животопис Св. Викентиј Паулски се родил во 1581 година, во Аквитанија. Уште во младоста одлучил да стане свештеник, откако го завршил студирањето на теолошки науки. Потоа ја основал конгрегација за мисија, позната како „Лазаристи“, со цел да им помага на сиромашните. Неговите мисионери биле распространети низ целиот свет, а многумина од нив загинале како маченици во Кина. Исто така, во соработка со св. Лујза Марилац, св. Викентиј Паулски ја основал конгрегацијата на милосрдните сестри за негување на болните лица. Св. Викентиј Паулски починал во Париз, во 1660 година.„Верски календар“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 30.

Наводи

Категорија:Католички светци Категорија:Англикански светци Категорија:Починати во Париз Категорија:Христијански светци од 17 век Категорија:Родени во 1581 година Категорија:Починати во 1660 година