Славчо Димовски ( - , ) — македонски оперскиот солист – баритон, член на Македонската опера и балет.„Турандот“ в четврток на сцената на МОБ

Животопис Димовски е роден во 1955 година. Тој својата кариера ја почнал како хорист-баритон во хорот на Македонската опера и балет, за подоцна да биде назначен за солист. Како хорист учествувал во сите оперски и вокални инструмантални изведени на сцената на Македонската опера и балет. Како солист толкувал средни улоги од баритонскиот фах, меѓу кои: Шарплес во „Мадам Батерфлај“, Доктор Гренвил во „Травијата“, Анџелоти во „Тоска“, Мандарин во „Турандот“, Монтероне во „Риголето“ и др. Како маркантна фигура, остана запаменет како толкувач на улогата на Дон Кихот во истоимената балетска претстава.

Починал во Скопје на 2 ноември 2016 година.Почина баритонот Славчо Димовски

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Баритони