Хуан Себастијан Верон (роден на година во Ла Плата) — аргентински поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Во моментов работи како спортски директор во екипата на Естудиантес де Ла Плата.

Својте почетоци Верон ги направил во Аргентина со екипите на Естудијантес и Бока Хуниорс, а потоа се преселил во Европа каде ги носел дресовите на Сампдорија, Парма, Лацио, Манчестер Јунајтед, Челси, Интер, а потоа повторно се вратил во својата родна земја за да ја заврши својата кариера во Естудијантес.

За време на неговата кариера, тој освоил две италијански првенства (2000 и 2006), четири италијански купа (1999, 2000, 2005 и 2006), двапати италијанскиот суперкупа (2000 и 2005), едно англиско првенство (2003), две аргентински првенства (Апертура 2006 година и Апертура 2010), еден Куп на УЕФА (1999), еден Суперкуп на УЕФА (1999) и една титула во Копа Либертадорес (2009). За аргентинската репрезентација одиграл 73 натпревари и постигнал 9 гола и настапил на три Светски првенства (1998, 2002 и 2010) и на Копа Америка во 2007 година.

На поединечно ниво, тоа бил именуван 2 пати за Аргентински фудбалер на годината (2006 и 2009) и 2 пати за Јужноамерикански фудбалер на годината (2008 и 2009). Во март 2004 бил избран од страна на Пеле во ФИФА 100 листата, специјална класификација, која ги вклучува најдобрите играчи - кој биле живи во времето на изготвување на листата - во историјата на овој спорт.

Титули Естудиантес Примера Б (1) : 1995 Примера Дивисион (2) : Апертура 2006, Апертура 2010 Копа Либертадорес (1) : 2009

Парма Куп на Италија (1) : 1998–1999 Куп на УЕФА (1) : 1998–1999

Лацио Суперкуп на УЕФА (1) : 1999 Серија А (1) : 1999–2000 Куп на Италија (1) : 1999–2000 Суперкуп на Италија (1) : 2000

Манчестер Јунајтед Премиер лига (1) : 2002–2003

Интер Куп на Италија (2) : 2004–2005, 2005–2006 Суперкуп на Италија (1) : 2005 Серија А (1) : 2005–2006

Наводи

Надворешни врски

Хуан Себастијан Верон на soccerway Хуан Себастијан Верон на transfermarkt Хуан Себастијан Верон на espn Хуан Себастијан Верон на goal.com

Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:ФИФА 100 Категорија:Живи луѓе